На времето, ме сопираат и ме прашуваат дали имам пиено. Баш тој ден немав ни помирисано и онака им велам, малку, едно чавче за живели ама пред повеќе часа.
Ајде да видиме колку е тоа малку и ми дава да дувам.
Дував, му го давам и тој отиде до колата која им беше на 5,6 метра.
Јас сигурен во себе си чекам, тој се враќа и ми го покажува 0.65 , дојди да правиме записник.
Му велам не е можно, дај уште еднаш да дувам.
Тој - не исполнуваме музички желби.
Да скратам, ја оправив.
Потоа го враќав филмот и ми стана јасно дека нешто муљаа, бидејки требаше веднаш по дувањето да ми го покаже резултатот. Дали ми подметнаа друг дрегер од некој пред мене што дувал, дали знаат финти...
Инаку, Републичка беа сообраќајците.