Едно се протести, кај што се затвара многу конкретен дел од градот, друго е маратон - голем, интернационален настан. 90% од улиците што беа затворени, беа „флексибилно“ затворени - односно отворени за движење сè додека не се најави дека проаѓаат маратонци, и во тој случај конкретната улица/раскрсница е затворена 10-тина минути.
Како што реков, трпение. Не е страшно. Напротив, треба да се радуваме и да се гордееме што имаме маратон што котира интернационално и за кој има толку многу интерес.
Иако, да се разбереме, нити сум трчал, нити би трчал. Ама убава работа е.