Еден тежок ропак со брзински, го јачеше на ленинова до "дупнување" на ушно тапанче. Да биде уште потежок сељак, во фармерката имаше пикнато пиштол, а блузата завратена нагоре (од брзото возење, или намерано) за сите да видат дека има пиштол.
Во моментот имаше еден полицаец кој креваше непрописно паркирани коли со пајак, кога го виде сељакот, свирна 2 пати и тргна по него но не верувам да го стаса и застани. По 3 мин се врати со брзинскиот, го паркира пред кафич и влезе внатре. Тоа претходно изгледа му беше парада за да го видат колку е јак.
Добро, што треба да ти фали во менталниот склоп за да го правиш сето ова?! Која е потребата?