Тролал или не тролал, искрено ме заболе. Форумов го читаат неактивни членови и луѓе што воопшто не се членови, и мене не ми изгледа океј некој да дава такви изјави а останатата форумска популација да не реагира (зошто знае дека тој некој е трол) или пак да се подјебава со постот, да уфрла досетки.
Сакам да е јасно на сите што читаат дека такви возачки навики не се прифатени, и во никој случај не се поддржуваат тука на форум. Јас се гордеам со овој авто-форум, член сум скоро 7 години, го промовирам каде ќе стигнам и со гордост ги носам стикерите на моите коли. Поради тоа нема да дозволам постови каде се покажуваат „курч“ тенденции да останат неосудени, па макар и тие постови биле стопостотно тролање.