^^
Ова нема логика. Значи за супер сочуван и одржуван олдтајмер треба да плаќаш трилиони евра годишни даноци.
Има многу стари автомобили во одлична механичка состојба, а има и многу неколку години возени коли во крш состојба. Не правиш многу за безбедноста со ова, пошто тие возила што ќе останат во сообраќај пак ги возат возачи кои не почитуваат закони за безбедност во сообраќај. Ако е заради безбедност, такви даноци треба да се одредуваат при технички преглед и врз основа на состојбата на колата (анализа на способноста за кочење и слично).
Од друга страна целосно почитување на законите и непречекорување на лимитите за брзината ќе донесе огромно подобрување во безбедноста во сообраќајот. Никако не ми е јасно, како и после неколку тешки трагедии заради идиотски-ретардирано брзо возење и непочитување на правилата, некои тука сеуште тврдат дека возење со 80+км/ч низ град е правата работа.