Сега ќе те поправам малку.
Непостоењето на ограничувања на поедини делници на германските патишта постои највеќе заради џентлменски договор помеѓу Германските производители на возила и Германската влада, дека производителите мејнстрим (значи, не праиме муабет за Порше, AMG, М) возилата ќе ги ограничуваат на 250 на саат. Од друга страна, владата нема да постави ограничувања на одредени делници, и патиштата секогаш ќе бидат квалитетни.
Секако, тука играат улога казни, општа култура, итн. Ама Филип, немој да тупиш и за све да викаш „некој постручен тралала“. Некој станува постручен од друг со тоа што ќе ја предизвика стручноста на стручњакот. Да останевме како цивилизација на „некој постручен“, ден денес ќе мислевме дека земјата е рамна, итн итн. Немој такви работи, не му личат на интелектуалец како тебе.