Пешаците си прават сами патеки низ трева, по булевари, по раскрсници итн. Ако ги следиш тие патеки и им направиш пешачки стази, сите ќе бидат задоволни.
Сега од некоја причина во Влае ја преместија автобуската што беше кај пумпата, ја ставија пред влајко, а уфрлија уште една кај порта влае. Природен тек на пешаците, беше (и уште е) баш кај пешачкиот помеѓу (бифшата) автобуска станица и автобуската станица од спротивната страна. Таму требаше да се направи еден обичен пешачки надвозник, за децата кои одат во школото кај киното и оние кои носат деца во градинка од спротивната страна (позади бензинската), да бидат позаштитени и да не поминуваат улица.
Ама не. Ќе тупнат нефункцинална грдосија на место кое што речиси и да нема потреба од пешачки премин, а притоа ќе дигнат помпа ко` да направиле девето светско чудо.
Мојата чудесна земја.