Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2913629 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14721
  • Пудингот на шоферството
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4260 на: 14 Февруари 2013, 02:05:05 am »
ЛП дали даваш жмигавец кога зад/пред тебе нема никој?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Antonio

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 397
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4261 на: 14 Февруари 2013, 03:11:16 am »
Стара жена позади волан ......денес влагам во една уличка и имаше паркиран камион-миксер за бетон...и го заобиколувам и од напред ми иде кола и глеам стара жена која едвај глеа и сеа ја стојам и ме гледа со тоа старата фаца и ми вика иди назад ххахах и ја инает не идам пошо беше тесно и ме мрзеше да вракјам и оваа ми се бута сака да се разминеме и ај некако ја со мојот инает и она со нејзиниот се разминавме некако и дообро се паркирам ја у населба и после 15 мин ете ти ја проаѓа со колата и запира излага ми вика дечко види си ми ја изгребал вратата а ја не ја ни допрев вика ова за поправка кошта 100Е ....и ми пукна филм викам старо влагај у кола да не те глеам ...............

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7566
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4262 на: 14 Февруари 2013, 03:35:24 am »
Eден дедо кој ми исече пат денес, и едвај докочив...

Застанувам и му викам а бе нели гледаш дека некој ке те акне и ке те утепа?

А бе ја 65 године има бла бла .. Ако не гледаш и не си способен, НЕМОЈ да возиш...
Мртов ладен на 10-15 метри врти полукружно, мува не го лази...

Уште и една бабичка поминува уличка и ми чука на прозор, да праша што е работата...

Отсутен Bifrost

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 165
  • Шаб ме габри
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4263 на: 14 Февруари 2013, 04:04:36 am »
1. Кола во лента за лево, а иде право особено кај мавровка раскрсницата
2. Застанување на сред кружен тек и пропуштање на возила од десна страна
3. Кога некој се влече пред мене и кога ке пробам да го претицам натепува гас
4. Паркирана кола на средина помеѓу 2 паркинг места
5. Непропуштање пешаци на пешачки премин, а особено кај што има школо и многу деца
6. Прелетување пешаци на улица кај што нема зебра, ко на пример пластичарска

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4264 на: 14 Февруари 2013, 07:41:16 am »
5. Непропуштање пешаци на пешачки премин, а особено кај што има школо и многу деца

бонус: ти свири и те пцуе пошто морал да намали брзина или не-дај-боже закочи за да те пропушти тебе, пешакот на факинг пешачки


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4265 на: 14 Февруари 2013, 07:45:04 am »
А врв у непропуштање пешаци се типови кој и покрај тоа што гледаат дека две коли веќе застанале на пешачки они си цепаат у третата лента.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4266 на: 14 Февруари 2013, 08:24:28 am »
Во контекст на пешаци..

Пешаци што проаѓаат улица дијагонално.
Пешаци што се „утрчуваат“ да поминам побрзо првите 20% од улицата, после успоруваат.
Пешаци што намерно се влечат на пешачки.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4267 на: 14 Февруари 2013, 08:26:28 am »
ЛП дали даваш жмигавец кога зад/пред тебе нема никој?

Se trudam sekogas da davam zmigavci.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4268 на: 14 Февруари 2013, 08:27:40 am »
за пешаците,
стојам ако веќе навлегол на пешачки,
ако поминува на место не бележено за преминување,не стојам.
неможе на секој кој ќе му текне да поминува каде сака.
ако ние возачите може да ги почитуваме правилата да им стоиме на пешачки ќе може и тие да се навикнат да не поминуваат каде што ќе им текне.
или нека помининат откако ќе ги пропуштат колите.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4269 на: 14 Февруари 2013, 08:40:25 am »
Тракторот сабајле со колоната што се влечеше по него. Претицав по неколку коли одеднаш од што ми се смачи да се влечам, да каснам на работа за еден трактор не ми паѓа на памет.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4270 на: 14 Февруари 2013, 09:04:02 am »
Треба да се казнуваат пешаци.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4271 на: 14 Февруари 2013, 09:35:55 am »
Треба да се казнуваат пешаци.

треба!

и тоа онакви воспитни казничиња, од 200 до 500 денари, да можат џандарите со мирна совест да пердашат. Ако треба да го опнеш 1500 денари, а си џандар, ќе се мислиш неколку пати дали да го казниш или не. Али вака, нешто ситно - пердашење масовно за цело село, дур не се научат на сообраќајна култура.

како можат у аустралија да пешачат по 400-500 метра затоа што пешачкиот бил таму а не тука?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4272 на: 14 Февруари 2013, 09:44:45 am »
Користење жмигавци е регулирано со закон. Нема тука имало некој немало некој. Од кај да знам дали има некој позади мене со моторче во мртов агол?

Цитат: ЗАКОН
(1) Возачот кој има намера да изврши на патот некое дејствие со
возилото (поместување на возилото надесно или налево, обиколување,
запирање, свртување надесно или налево, полукружно свртување, возење
наназад и слично), смее да го започне таквото дејствие само ако претходно се
уверил дека тоа може да го направи без опасност по другите учесници во
сообраќајот или по имотот, водејќи притоа сметка за положбата на возилото и
за правецот и брзината на движењето на возилото.
(2) Пред вршењето на дејствијата со возило од ставот (1) на овој член
возачот на возилото е должен јасно и навремено да ги извести другите
учесници во сообраќајот за својата намера давајќи им знак со помош на
покажувачите на правецот или ако тие не постојат – со соодветен знак со
раката.

(3) Ако знакот од ставот (2) на овој член возачот го дава со помош на
покажувачот на правецот, тој е должен да го дава за целото време на вршењето
на дејствието со возилото, а по извршеното дејствие да престане.

(4) По исклучок од одредбите на ставовите (2) и (3) на овој член возачот не
е должен по извршеното престигнување на друго возило да даде знак дека има
намера да се врати на сообраќајната лента по која се движел пред
престигнувањето.

Јас секогаш се трудам да дадам жмигавец. Кога се исклучуваш од кружен тек, се дава жмигавец. Ова кај нас 99,9% од возачите не го прават.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4273 на: 14 Февруари 2013, 10:18:31 am »
Исто така и кога се вклучуваш на кружен тек се дава жмигавец. Лев.
Па на исклучување, десен.

Јас стално давам жмигавец, па макар било тоа и во некоја вукојебина и нема кола на километри и 3 саат на сабаље.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #4274 на: 14 Февруари 2013, 10:21:25 am »
Жмигавецот треба да прејде во навика и во ниеден момент да не се помислува да се даде жмигавец. По автоматизам да работи раката на тоа поле.
Мене многу ми се свиѓа што кога ќе ја пипнеш рачката трепнува соодветниот жмигавец 3 пати. Страшно корисна опција која ја има во скоро сите понови возила.