Ме изнервира Форд Фокус на семафорите кај Мајчин дом.
За вртење лево, накај МЗТ стално се прави гужва, а иако секогаш одам по тој пат, секогаш си чекам за лентата за лево, ако треба 2 пати, тоа е. Е стално има курнази кои од крајната за право се убутуваат за лево, ама многу не ги есапам пошто и онака продолжува во 2 ленти булеварот накај МЗТ.
На уклучивање зелено за лево, на лентата за право се улета една Октавија, а позади неа Фокусов. Само што Октавијата застана, очигледно за право си бил типот, а Фокусов мислејќи дека Октавијата ќе иде лево се улета ко сивоња и ми се пикна во лента. Ама јако ми се пикна, едвај докочив да не му влезам во врата. А времево беше лапавица, а на асфалт најнеповолната комбинација суво/влажно. Само за момент си помислив, да останев на летните и да не ги сменев вчера гумите.
Нормално кај сендвичарите му пристапив од десно, а он извини друже нејќев...