jaс у младоста како млад и неженет му излегов на еден од јсп со безбол палица... и не направив ништо пошто типов позелене... после 3 минути одкако си седнав во кола секако, си ја чукнав главата и размислив дека ке направев тешка глупост... ке се влечкам по судови заради еден недоквакан шофер... истиот ден ја извадив палицата и ја фрлив во гаража... и ден денес си стои таму и има 5 сантими прашина на нејзе... а годинава и у шпорет ке иде за ајвар праење... убаво ке гори... сакав да кажам дека од тогаш навака во сообраќајот го почитувам правилото: ПУШТИ ЈА БУДАЛАТА НЕКА ПОМИНЕ... нема што јас да му покажувам заби и да се тепам... има полиција, има закони и судови... кад тад ке го стигне и него па ке размислува поинаку... едноставно, притисни на кочница и пушти го нека помине... на следна автобуска мора да застане, ке го поминам и толку од него... нит го гледам нит ме интересира...
треба да се има поголема толеранција во сообраќајот... ПОГОЛЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА И ПОПУСТЛИВОСТ... кога сите возачи поготово во скопје би “олабавиле“ малку, јас се кладам дека нервозата во сообраќајот ќе спласне... ете, ти велиш тој шофер се убацува ово оно... јас велам ПУШТИ ГО БУДАЛА... која е веројатноста дека 2 пати ке го сретнам истиот шофер во ист ден? да има веројатност и теоретски и практични и 5 пати да го сретнеш и пет пати да ти исече пат... јбг... будала е, вози голем автобус, посилен е и ако те удри он не го јаде, јас го јадам... уствари и не е битно дали е автобус или кола... ке ме удри некој затоа што јас нема да му попуштам или ке му се бутнам и исечам лента и ете ти пробел...
нај нај нај нај нај во право да си, ке си имаш проблем.. прво и основно нервоза голема, второ возилото ти е оштетено, ке треба по мајстори да се зезаш, полиција да викаш, записници да пополнуваш, по осигурителни компании да се влечкаш и објаснуваш, и на крај и пари да земеш повеке од штетата.. ма тродупло да земеш повеке, тие пари неможат да ти ја надокнадат менталната штета што си ја доживеал заради некоја будала т.е. морон, а на крај се заради тоа што едноставно не си притиснал на кочница и не си го пропуштил да иде...