Ефтини се во моторот, ама во батериите се скапи. И во самото тоа што auxiliary системите мора да работат некако на друг начин од основните, клима треба специјална со некаков мотор дополнителен, греач треба, ладење на батериите треба, итн. Имено и покрај батериите што ги имаат хибридиве, ти пак доаѓаш до момент да ти се потрошил акумулаторот и не може да запали колата. (Тојота и тоа, за другиве европски да не збориме ич) и општо како се е направено многу комплицирано или "покомплицирано" од тоа што треба или може да биде. Дали тоа доаѓа од тоа што се уште свежи, или пак од други побуди не знам.
Како и да е, ако сакаш да видиш и споредиш реален хибрид кој е направен да е наменет да се вози и да хибридува, а не да се слика по инстаграм и да се пува по ривјуери тоа е Сузуки Свифт и општо системот на Сузуки, и целата теорија на колата. "Бууу хууу лимот е тенок, бууу хуууу не може да вози само на струја... И слично" тоа е реалната иднина која треба да се следи. Толку. Свифтот е толку добро смислен како кола и како хибрид и кало цена и како систем и како одржување и како се што треба една модерна кола да биде - а не помодарска кола. Секоја чест за Сузуки. Многу ми е жал што кај нас немаат некое претставништво достојно за брендот да ги сроза сите други брендови и во продажба и во се, зошто не заслужуваат ништо повеќе.