Водно ќе е бетер од Бејрут и Алепо.
http://off.net.mk/links/nabrzinka/64143Не само што ќе се врати хаосот, туку ќе се врати на ново ниво. Проблемот не беа паркирани возила НА ПАРКИНГ. Туку возила паркирани насекаде околу секоја улица и непроодност тотална на ниедно возило или автобус. Да се наплаќа пристап со кола на водно 300 денари разбирам. Па нагоре крши глава, ваљда нема да се наполни паркингот. И ќе има пристоен број на возила на планината. Ама вака со платен паркинг добитокот кој се паркираше по страните ќе остане И ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ затоа што дел од тие што се паркираа на паркингот сега ќе се паркираат по страната на улицата и ќе е значително полошо од тоа што беше пред забраната.
Има толку многу решенија што неможе ни да се набројат, ама ова дефинитивно е во топ 10 најлоши решенија за таа област. Секоја чест.
Демек ќе биле кревани возилата по страницата. ДА ГО ВИДИМЕ И ТОА ЧУДО! Немало да се паркираат по страната. Второ чудо ќе се деси значи! И ќе биде проодна за пешаци по страните. Трето чудо ќе се деси! Тоа стоката непрокопсана се пика во секое дупче, едно ступче да фали одма кола ќе се насади. Така е насекаде низ Скопје, не дека само таму ќе биде. Општата перцепција за една улица е „ако се проаѓа ДОБРО СИ ЗАСТАНАТ“. А тоа треба да се реши со НЕВИДЕНИ казни, и стап во крајна мерка. Тоа све плаче за стап! Пред Броз, стап! Пред Капитол, стап! Водно стап! Казни, пајаци, буџет, све. Ајт со здравје. Еден знак за забрането паркирање не е испоштуван во Скопје. ЕДЕН. Тука ќе поштувале стоките неотесани. Пази да не. Само, и само кај што ставија ступчиња има некаков прогрес. Никаде на друго место. Партизанска стана булевар откога се ставија ступчиња, и илинденска исто. Пред тоа беше непроодна. На улицата и кола, и точак, и пешак, и количка за бебе, и воз, и трамвај и канализација и комбајни проаѓаа. Сега има ред. Баш да видиме дали ќе се катастрофира Водно пак како што беше.