Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2632623 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Што сака нека праи, нека се напиња, нека круза, нека вози рели, ама со 100ка, нека се тргне (барем) у средна лента... Прч рече дека бил на автопат. Да не замислуваме сеа ситуации. Замисли тек со 200 по мојава улица што може да се деси. Ама не било на моја улица, не било ни на тетово-гостивар. Било на автопат и тој со 100 си терал у трета лента. Тоа значи дека јас и со дозволени брзини на автопат (130 на саат), треба да правам ризични потези за да го поминам.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Нема тука барем...
Реков....двајцата.
Ако идеме со барем...едниот барем да се тргнал во средна..другиот барем да возел во законски рамки..или барем да не очекува дека ако вози вон истите, треба сите да му се тргнат.

А ако веќе ти се брза и збориш за ризик, да поминеш некој со 120 на саат од десно (под услов и он да не преткнува) не ми е ништо помалку ризично од возење 160 во лева.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
...многу драми за возење 20 км/ч поспоро од максимално дозволеното.

Не е за 20км на час.. и да возел со 120км/ч, колку што е максимално дозволено- повторно не е во право тој што ја држи левата лента.
Левата лента на автопат се користи за претекнување нели, сите знаеме. :) Претекнеш, се враќаш во средна, или пак држиш лева лента но постојано ги поминуваш тие од средна.  Не е некоја сложена филозофија. Додека пак, тие што левата лента ја користат за претекнување, ако можат, нека возат и 300. :) Мене не би ми пречело. :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ја лева лента користам затоа што е најквалитетна односно не е избраздена од шлепери, но увек пратам ретровизор и ако има побрз одма се престојувам у средна па пак си се враќам у лева.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Тој што вози 160 не му пречи на тој што вози 100 во 3та лента. Обратното важи.
Поимот „душбег“ е измислен за такви луѓе... не се трга „џаст бикоз“. Ти може да ги „вагаш“ законски, ама не е исто. Едниот е душбег, другиот само пречекорил максимално дозволена брзина..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #12860 на: 15 Мај 2016, 01:30:46 am »
Сум имал 3-4 вакви ситуации и поштено сум им кочел до 40 нагло, па ќе го дупам до коска и така. На еден му направив макази со ептен блиска средба и човекот - инат за малку ќе удреше лево во банкината пошто панично изреагира и баш мерак ми се направи.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Тој што вози 160 не му пречи на тој што вози 100 во 3та лента. Обратното важи.
Поимот „душбег“ е измислен за такви луѓе... не се трга „џаст бикоз“. Ти може да ги „вагаш“ законски, ама не е исто. Едниот е душбег, другиот само пречекорил максимално дозволена брзина..

A тие што пречекоруваат брзина и сакаат да им се тргнат сите пред нив се цветичи за мирисање.
Поимот "Ауди драјвер" е измислен за таквите...

И нормално дека ќе ги вагам законски затоа што првиот што ќе заврши во ендек, ќе почне да листа закон за да види дали е крив или не.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Сум имал 3-4 вакви ситуации и поштено сум им кочел до 40 нагло, па ќе го дупам до коска и така. На еден му направив макази со ептен блиска средба и човекот - инат за малку ќе удреше лево во банкината пошто панично изреагира и баш мерак ми се направи.

Браво?
Каде со инатов? Не можам да разберам "дупење" во сообраќај, демек мој е патот и сега што сакам ќе правам.
Сте имале среќа што не сте дупеле некој што ќе ве издупел, а разни луѓе има по патиштата...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Сосема друг муабет е ако едниот во лева возел 60-70...а нашиов сакал да го претекне со 120.
Тука еден е само душбег.

Патот не е ниту на тој што не се трга, ниту на тој што бара сите да му тргнат.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Душбег си е душбег. Во случајов, душбегот возел 100 во трета лента и не се тргал.
Цитат
However, most states either suggest or require that through traffic stay to the right except to pass.[4] The Manual on Uniform Traffic Control Devices includes several signage standards to inform drivers of proper lane discipline, including the "STAY RIGHT PASS LEFT" and "SLOWER TRAFFIC KEEP RIGHT" signs.[5]

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Патот е на сите и се користи според сообраќајните правила. Јас повеќе би го казнил тој што би водел инат со кочење под минимално дозволената брзина, отколку некој што ќе лета со 220.

Инаку и јас на лошиве автопати (значи често) возам по 3та лента со 140-150 и гледам на ретровизор да не има некој што брза. Ако има- си се тргам, ме поминува и пак си се враќам. Без разлика на причините што возел побрзо, си има џандари кои се за таа работа, нема што да бара некој "дупач" да спроведува закони.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Душбег си е душбег. Во случајов, душбегот возел 100 во трета лента и не се тргал.
Цитат
However, most states either suggest or require that through traffic stay to the right except to pass.[4] The Manual on Uniform Traffic Control Devices includes several signage standards to inform drivers of proper lane discipline, including the "STAY RIGHT PASS LEFT" and "SLOWER TRAFFIC KEEP RIGHT" signs.[5]

Абе во која држава возиш ти?

Што згрешил типот со Пежото:

1.Се движел по лева , наместо десна лента.
 На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила,
моторните возила се движат по крајната десна сообраќајна лента, која не е
зафатена со возила во колона.

Што згрешил Прчот:

1. Не требало да му се лепи!

На автопат и на пат резервиран за сообраќај на мотори возила, возач
не смее со возилото да престигнува по сообраќајната лента за принудно
запирање, ниту да се движи на начин кој оневозможува соодветно растојание
меѓу неговото возилото и возилото што се движи пред него.

2.Возел над дозволеното.

-  На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да
се движи со брзина поголема од:
- 130 километри/час на автопат;
[/color]
- 110 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 80 километри/час на други патишта.

3.Ги забрзувал возилата пред него.

 На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, возач
не смее со возилото да ги забрзува возилата што се движат пред него со давање
светлосни и звучни знаци или на друг начин, ниту да презема друго дејствие со
кое се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Не ги забрзувал, туку им покажувал да се тргнат во другата лента.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Тој што вози 160 не му пречи на тој што вози 100 во 3та лента. Обратното важи.
Поимот „душбег“ е измислен за такви луѓе... не се трга „џаст бикоз“. Ти може да ги „вагаш“ законски, ама не е исто. Едниот е душбег, другиот само пречекорил максимално дозволена брзина..

Крај на дискусијата. :) Стратро, не си во право, немој да го тупиш за вакви глупости, обично не си таков.  ;D :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Не ги забрзувал, туку им покажувал да се тргнат во другата лента.
И не им се лепел од позади, туку бил приморан да закочи за да го одржи растојанието.