Скоро месец дена возам низ Шведска,поточно низ Гетеборг и поретко надвор...Толкава сообраќајна(а и општа) култура не ми се верува дека постои на друго место на планетата.
1.Возење над ограничувањето ---- нема шанси,а и да вози некој тоа го прави тотално минимално(ако е 70 тој вози 72-75)ама врнело ти му прскаш со тркалата на стакло,цело време е до тебе или зад тебе,кај се нашол таму...
2.Пропуштање на првенство на минување или менување на лента,само даваш трепкач и готова работа(на 2-3 пати се деси досега да не пушти некој кој сигурно беше или од нашите простори или сопстеник на Ауди)...
3.Сите семафори се на сензори,така да гужва нема ни кога е најголемата ‘гужва‘,значи се движиш не седиш во место пола саат...цело време се движиш,полека полека ама ја поминуваш за 10 мин максумум.
4.Џандари да начекаш како кај нас да сопираат и да ти бараат кога последен пат си се стрижел(со потврда) нема шанси....Досега имам видено 3 пати полиција од кои 2 пати за случена сообраќајка и еднаш паркирани...
итн...итн...итн...
п.с знам дека општо прифатено и многупати докажано е дека Ауди драјверс се тхе бест...на 3 пати и тука се случи тоа и од никој друг само од Ауди драјверс...Тоа да ти било глабално и вирално.
