Не е само култура во прашање дали има потреба да се тргне.
Според ЗБСП, Член 31, став 3 вели "По исклучок од одредбата на ставот (2) на овој член, на јавен пат во населено место, со коловоз на кој за сообраќај на возила во иста насока постојат најмалку две обележани сообраќајни ленти за движење на возилото, возачот може да ја користи и сообраќајната лента што не се наоѓа покрај десниот раб на коловозот, ако со тоа не ги попречува другите возила што се движат зад неговото возило."
Во врска со истата работа, Член 34, став 1 вика "На коловоз на кој постојат најмалку две сообраќајни ленти наменети за движење на возила во иста насока и на кои има колони на возила, возачот не смее со возилото да преминува од една сообраќајна лента во друга сообраќајна лента (цик-цак движење)"
Па понатака, став 2 - "Возачот може да ја напушти сообраќајната лента на која се наоѓа само заради свртување налево или надесно или заради запирање, односно паркирање на возилото."
Не знам од кај тој муабет дека има право да дреме на 3-та лента?