Вчера еден мајмун на вклучувањето на стража од Маврово према Гостивар.
Сите чекаме нели да поминат колите што одат нагоре надоле, а овој во спротивната лента без да погледне со прилично голема брзина се вклучи, и тука имаше кочење извртување на една кола која се движеше нагоре, малку фалеше да пољубат банкина итн итн. А копукот цел пат нешто блиндира као се брза, пробува да помина кај што не се поминува итн.
Детево максимум 20 години.
500 метри подоле, детево излага од возачко а претпоставувам татко му од сувозачко, каков вруќ шамар си доби малиов, се тоа беше звучно поздравено од колонава која видовме што направи малиот.