Навистина убав муабет. И баш од своја гледна точка.
Наполно го разбирам и јас човекот. Воопшто не би сакал (и купил) GTR, од разни причини. Но, истовремено пак многу би сакал Камаро на пример. Веројатно и овој е сличен концепт на возило, наменет за уживање, релаксација, кратки испади,
лабаво возење, без потреба од докажување, во даден момент лежерно и лефтерно забрзување без напор, без немир во душата, предење од страна на моторот при 2000-3000 вртежи со едвај притисната педала за гас, и чувство дека секогаш и секаде имаш повеќе од што треба - ако затреба.
Слободно нека си вози GTR Петко-Станко се додека јас си го брчам Камарото,
и ич немаше да ме боли...