Зошто се прави споредба на сосема различен тип на автомобили? Немаат ништо заедничко. Ај да разберам некои реднекс и амерички детишта со јапонски филм во глава зошто би се расправале за тоа, ама вас не ве разбирам. Ова било срање, она било. Ја и двете би ги имал во гаража.
Ќе го посремел на автопат. Како ќе го изведе тоа ако Хондашот не се трка на автопат? Истото важи и за некој тесен кривулест пат. Ако не се фураш со US Muscle од 2 тона, ужасни кочници и суспензија, не можат да те посрамотат. Ако се правиш шизик на пат кој не одговара на предностите на твојата кола, нормално дека ќе изгубиш, а нема нешто што е секаде најдобро.