Фиестата има фидрауличен куплунг, а менувачот е Б5. Уште пред 4 години приметив на многу ладно зуење на лагери од менувач. Се јавив во овластениот, но не продаваа масло за менувач туку имале само услуга дотурање и тоа ем доста скао маслото ем и скап работен налог. А ме убедуваа дека не се менува масло, т.е. фабрички е ставено тиме -лифе масло во менувач, се менува само ако се поправа менувачот. Јас тогаш отидов во еден приватен сервис, ми дотурија 200грама, и кај нив скапо беше маслото, но за рака не ми земаа а и уште некој други ситни работи работев.
Оваа есен пак почнаа звуците од менувач, но кога почна многиу ниските температури се појави проблемот на укочување на менувачот, т.е. треба да се чека да се раѕбие маслото. Инаку додека е поладно подобро се менуваше. Ден пред нова година, ми откажа пумпата за педала. Едвај стигнав до најблизок сервис, ја извадија пумпата, купив нова, ја вградији возам. Не бев присатен да видам како ја монтираа, т.е. дали испуштаа воздух од системот на хидрауличниот куплунг, но од скоро пак понекогаш имам проблем, сега понекогаш тешко се убацува во брзина додека не се загрее малку менувачот. Незнам како да одредам што е проблемот, дали има воздух во глицеринот или маслото од манувачот треба да се смени ?? Дури се сомневам и на механизамот во самиот шалтер, иако мајсторот тврди дека тоа не се менува ( а има и таму федери и пластични делови)
Во мануелот на колата пишува масло sintetic getribe ol 75W90 ili Ford WSD M2C 200-B ... а открив дека исто или слично користи и Ауди/фолксв.
GLS1 Gear Lubricant, Synthetic EP 75W-90
Audi/VW Specification No. G50
Ford Specification No. WSD-M2C-200B
сега во Мида имаат, ама пак само 5литра а цената е 1200мкд/л а мене за комплетна промена макс. ми е 2.8л, а може и помалку. Прашав и во Порше, имаат и од по литар, ама ознаки не знае, бара број на кола...
ROEWE дава за фиестата
Capacity : Capacity 2,8 liter
Use : Normal
Intervals : Check 15000 km / 12 months
Products : HIGHTEC TOPGEAR SAE 75W-90 S (25002)
..но некако ми е чудно да се менува масло во менувач толку често, еднаш годишно !!!
..ако има некој искуство . нека помогне..
инаку тврдат дека Форд менувач Б5 нема штопна за испуштање, само мза доливање...јас сликав, долу десно е автомат за рикверц светло , кој не го сменив баш поради тоа што незнам како ќе биде со маслото од менувач... а и доста скап е...