Автор Тема: Сервис за Радио  (Прочитано 15297 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Сервис за Радио
« на: 24 Февруари 2012, 15:44:15 pm »
Дали некој знае каде во Скопје би можел да најдам добар сервис за електроника, поточно ми треба за поправка на Радио за автомобил. Се работи за RCD 500 кое се наоѓа воVW Еос. Радиото е расипано а во сервис рекоа некое делче само било изгорено но они неможеле да го порачаат само тоа делче но во некој екстерен сервис би можело без проблем,можеле да порачаат само ново радио кое е 52.000 денари :D.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Радио Сервис
« Одговори #1 на: 24 Февруари 2012, 15:44:51 pm »
Логинг Електроникс е добар сервис за електроника, ама дали ќе ти помогнат треба да се јавиш да видиш. Ќе дадеш 500-1000 за рака и плус делот, вака од око.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #2 на: 28 Февруари 2012, 00:19:35 am »
Бев со другарчето кај Огненоски, зошто секако радиото требаше да го извади некој, а не се препушта таа работа на секого, и за среќа договоривме преку него кај некој дечки за радиото. Така да утре радиото би требало да е готово за 500-1000ден. Успат утре Еосот добива и 5000к ксенон. Јас бев повеќе за 4300, но сепак не е моја колата.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #3 на: 28 Февруари 2012, 07:31:31 am »
Што се праат будали тие у Порше, кога за ова радио имаше Mass Recall. Мене коа ми цркна на пасатот, го сменија без прашање. Едино не ги спасив ЦД-ата што беа внатре.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #4 на: 28 Февруари 2012, 14:32:48 pm »
Радиото како скроз да цркна, кога пробуваш да го запалиш само се уклучуваат светлата на копчињата и тоа е тоа нема никаков друг знак на живот, по некоја мин се гасат и тие. Колата инаку е стара 3год и 10мес со 95.000км и не му спомнаа ништо за гаранција само му кажаа цена за ново која што е далеку од нормална :D. Ќе побарам сега на нет баш за рекалот па ако се успее со тоа да се среди нешто.

EDIT: Читам по нетов, дека чест проблем е заглавувањето на цедиња внатре и дека ако е под гаранција го менуваат цело, ако не дека проблемот е доста скап односно околу 150евра за да се реши, и дека при заглавувањето се јавува порака на екранот SERVICE ERROR, е сеа тука не е баш така. Тука како што опишав скроз е мртво радиото.
« Последно менување: 28 Февруари 2012, 14:50:04 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #5 на: 28 Февруари 2012, 15:28:04 pm »
e sea posto ste pametni i go otvorivte radioto "ODMA KE VI GO SMENAT"...
Pazarna inspekcija be brat >>>> VW 5 god. garancija

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #6 на: 28 Февруари 2012, 15:29:19 pm »
зошто секако радиото требаше да го извади некој, а не се препушта таа работа на секого

Баш така...Таа работа не се препушта на секого...

Радиото како скроз да цркна, кога пробуваш да го запалиш само се уклучуваат светлата на копчињата и тоа е тоа нема никаков друг знак на живот, по некоја мин се гасат и тие. Колата инаку е стара 3год и 10мес со 95.000км и не му спомнаа ништо за гаранција само му кажаа цена за ново која што е далеку од нормална :D. Ќе побарам сега на нет баш за рекалот па ако се успее со тоа да се среди нешто.

EDIT: Читам по нетов, дека чест проблем е заглавувањето на цедиња внатре и дека ако е под гаранција го менуваат цело, ако не дека проблемот е доста скап односно околу 150евра за да се реши, и дека при заглавувањето се јавува порака на екранот SERVICE ERROR, е сеа тука не е баш така. Тука како што опишав скроз е мртво радиото.

Што се случи со професионалците од Огненовски? По нивната интервенција за 500 до 1000 денари се случи ова или како?
Дај малку подетално опиши го случајов...
Ако е така, ондак сериозно треба да си стават прст на чело и да се запрашаат што се случило, а во спротивно да знаеме дали е тоа тоа или не? Сепак на форумов ги бие фин глас, со еден куп препораки од страна на членови кои се релативно задоволини од нивните услуги и начинот на работа.
Нели?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #7 на: 28 Февруари 2012, 15:31:09 pm »
И јас имав ваков сличен проблем со Акордот (со стариот мислам) и ми го сменија цело радио без дополнителен трошок :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #8 на: 28 Февруари 2012, 17:11:33 pm »
Ако радиото е на кола, и не е отварано, побарај мислење од Порше Скопје, нагласувајќи дека има recall по интернет за него.
И моето беше на ист начин цркнато, немаше зглавено ЦД.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #9 на: 28 Февруари 2012, 21:04:23 pm »
Значи вака, да не ги мешам огненоски, не направија ништо лошо луѓето. Радиото само од себе си откажа, значи седнување во кола, пробување да се запали... и ништо нема знак од него.  Бевме со колата кај Огненоски некаде кај 17:00 часот, му го кажавме проблемот, се јави во некој сервис за електроника(да ме отепате не ми текнува името) и ни кажаа дека неколку такви имале поправено и дека цената е од 10 до 15 евра зошто предпоставувале дека се работи за мал квар.Зошто беше касно се договоривме колата да ја однесеме денес и да и се стават ксенони успат. Но, другарот денеска заглави на полагање до кај 7часот(архитектура) и радиото и колата се нечепнати сеуште. Сепак  колата беше во Порше Македонија на сервис и пишав погоре што одговор добил другарот, односно дека може да си порача ново за 52.000 денари зошто они не вршеле поправки на радиа. Утре ќе му речам да се јави и малце поозбилно да настапи зошто имаат земено неколку коли од таму и се редовни муштерии. Се надевам дека е појасно и нема потреба да се обвинвуа некој сервисер што воопшто не ја допрел колата. Јаре, фала многу за информацијата може доста да спаси :D, само уште едно ми е нејасно. Дали иако е завршена гаранцијата сеуште радиото може да се смени зошто за радиото постоело рекал, дали по политиката на VW иако на едно возило е завршена гаранцијата, ако некој дел бил повикан на сервис, истиот тој може да се смени без никакви доплаќања.
« Последно менување: 28 Февруари 2012, 21:18:21 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #10 на: 28 Февруари 2012, 21:10:40 pm »
Ако ве мафтаат тука потрошете некој денар јавете се на некој што е над нив или пратете допис ако стварно имало рекал

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #11 на: 28 Февруари 2012, 21:19:30 pm »
Па барам по нетов за рекали, најдов доста проблеми за заглавување на цедиња и појавување на порака SERVICE ERROR на екранот, но ништо за проблемот кој го има ова радио и за рекал. Ќе продолжам да барам и вечерва.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #12 на: 28 Февруари 2012, 21:25:21 pm »
незнам дали ке успее  ... 2години гаранција има мислам VW тука, 3 во европа.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #13 на: 29 Февруари 2012, 05:40:06 am »
Мене ми го сменија мислам во рок од 2 години, сеа не ми текнува точно. Ни А ни Б, сервис ново и ајт вози. Е сеа, за recall има по овие VW dedicated форуми, и таму имаше некаде, каде, не знам. Можда е добар хинт да се праша некој од оние шизици што се по форумите кои работат во VW, да ти кажат, како што гледам дека кажуваат на членови такви или слични работи. Ако не си упорен, ништо од работата, сите дилери по свет, прво ќе гледаат да те откачат.

У крајна инстанца, барај Dynavin замена, мислам дека и во Грчка веќе ги има. Андорид систем, со сите тракатанци. околу 500 Евриќа. Или по ибеј користено.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Одг: Сервис за Радио
« Одговори #14 на: 01 Март 2012, 13:16:57 pm »
Сребрен EOS TSI, пред Архитектоски. Ск - ***- ТЕ

Тој е?

Поздрав до помладиот колега.