Автор Тема: BMW 1500 Neue Klasse  (Прочитано 3343 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
BMW 1500 Neue Klasse
« на: 24 Февруари 2012, 03:00:35 am »
Пред околи половина век(50г :)) на саемот за автомобили во Франкфурт скоро банкротираниот БМВ го претстави својот прототип 1500,автомобилот кој ја спаси компанијата и ја запиша меѓу големо-сериските производители...

Неколку часа пред отворањето на јубилејниот 40 пат на саемот во Франкфурт,додека сите изложени автомобили биле покриени со чаршафи  :D,тројцата инженери на Мерцедес Fritz Nallinger,Rudolf Uhlenhaut и Karl Wilfert се доближиле до ‘скриениот‘ прототип на БМВ го подигнале платното и почнале да гледаат за што станува збор,запишувајќи во своите нотеси...Тоа го направиле по наредба од челниците на Дајмлер Бенз,со цел да дознаат која е причината што БМВ одби да биде купен од страна на Дајмлер Бенз(после долги преговори во 1959г) и со тоа да престани да произведува автомобили туку да произведува авто делови...
Под наметката го здогледале BMW 1500 Neue Klasse,кој бил бум на саемот и кој требало да ја пополни пазарната празнина помеѓу моделите БМВ 502 и минијатурниот БМВ 700...
Професорот Bernt Spiegel,признат маркетишки стручњак анализирајки ја позицијата на БМВ на пазарот,сугерирал да се воведи автомобил за ‘виталните мажи‘ под што се подразбирало,самосвесни луѓе кои сакаат култивирана машина со спортски карактер и со фамилијарен предзнак...БМВ 1500 со својот 4цилиндричен мотор бил правиот производ за остварувањето на 10 годишниот сон,сон кој бил во исчекување заради немањето на соодветен мотор...Уште од 1953г самите челници на БМВ биле свесни дека немаат автомобил од средната класа,но истотака дотогашните R6 и V8 мотори не биле правиот избор...

Благодарение на Баронот Von Falkenhausen создаден е М10 моторот со 1500ссм3 и 80кс,доволно за брзина од 150км/х и забрзување до 100км/х од 16.8сек,а благодарение на аеродинамичноста потрошувачката изнесувала 10л/100км...
Дизајнот е создаден од страна на Wilhelm Hofmeister кој пак се консултирал со Giovanni Michelotti,а пак газдата(на БМВ) Herbert Quandt инсистирал дека класични препознатливите бубрези морале да бидат препознатлив и обавезен елемент...

БМВ 1500 бил совршен спој на силата и дизајнот спакувано во целост за 9485 германски марки,а првите однапред продадени 20.000 примероци биле испорачани кон крајот на 1962г.Почетничките квалитативни проблеми биле неизбежен проблем ако се знае фактот дека работниците биле недоволни едуцирани и неискусни во големо-сериското производството...
Заблагодарувајки се најмногу на моторот БМВ успеал да понуди поширока палета на модели,кои со своите карактеристики ги задоволувале и мажите и жените...Така лимузината од средната класа прво еволуирала во БМВ 1800,па во 1800TI кој бил доволен и за спортски предизвик...
Со текот на времето доаѓа и моделот 1600,а врв на понудата бил моделот 2000tii кој имал 205кс(директно вбризгување)...

1969г после 350.729 продадени примероци БМВ-та Нова Класа која своевремено била најбрзата лимузина(4 врати) оди во пензија...Заслужено :)

[датотека избришана од администраторот]
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: BMW 1500 Neue Klasse
« Одговори #1 на: 24 Февруари 2012, 19:52:54 pm »
Браво за темава одлични информации, убаво е да се види како една компанија од прагот на пропаста стигнала до она што е денес
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: BMW 1500 Neue Klasse
« Одговори #2 на: 24 Февруари 2012, 20:06:10 pm »
Браво за текстовите MecheTo ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW 1500 Neue Klasse
« Одговори #3 на: 25 Февруари 2012, 00:35:46 am »
Ке има уште само да побарам низ архивата  :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Maks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 253
    • RACE CHIP
Одг: BMW 1500 Neue Klasse
« Одговори #4 на: 28 Февруари 2012, 13:45:36 pm »
Isto vakvo BMW stoi parkirano kaj mene pozadi kancelarija, crveno e i ima obid za negova restavracija, bil uspesno restavriran vo 2003 god i od togas e ostaveno na zabot na vremeto. ZALNO.
Штета што не сум се родил 30 години порано.
Сакам коли од железо не од пластика,пластични имав пред пубертет.  

FrontWD Sucks!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: BMW 1500 Neue Klasse
« Одговори #5 на: 28 Февруари 2012, 14:05:41 pm »
Еден мој другар има исто вакво бело. Борче се вика, можеби некој го знае. Го имам возено возилово, одлично беше.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: BMW 1500 Neue Klasse
« Одговори #6 на: 29 Февруари 2012, 00:08:17 am »
А некој од тие „реставраторите“ да продава вакво чудо?

Btw не знам дали знаете ама скоро ист мотор влегуваше во Москвич :)
Според некои механичари потполно ист