Автор Тема: Олдтајмери- во вистинска смисла !!!  (Прочитано 4561 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Олдтајмери- во вистинска смисла !!!
« Одговори #15 на: 16 Февруари 2012, 09:16:18 am »
http://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?lang=en&id=157378445&pageNumber=1&tabNumber=1&adLoadingVersion=bottom

За да ја доведам мојата фиатка во ваква состојба треба делови рачно да правам :D Нигде не се наоѓаат... тоа е работата, или ако најдеш ќе ти кажат некоја луда цена. Ама секој кеиф се плаќа, ја ако ја средам некогаш ко оваа на линков не би ја продал.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Олдтајмери- во вистинска смисла !!!
« Одговори #16 на: 16 Февруари 2012, 17:46:58 pm »
Епа за да можеш да ја продадеш мора да има некој што ќе му стои во гаража ;).Не знам зошто не би инвестирал во нешто што со текот на годините само ќе му се зголемува вредноста?
Па ако имам пари да купам скап олд-тајмер,наместо да го купам и да чекам да му качи вредноста,ке ги вложам парите во нешто друго и побрзо а и повеќе пари ке направам,одколку шо ке направам ќар на олд-тајмерот(после извесно време)
Па со моменталнава состојба на економијава не знам баш дали е така :).На страна тоа,тие што ги инвестрираат парите во олд-тајмери најчесто не го прават тоа за да брзо заработат туку чисто од пасија спрема автомобилите или одреден модел.Значи ем си го правиш кејфот ем си ќар.Win-win ситуација е според мене. ;)

Додека ти не би ја купил има луѓе што би ја купиле и направија богатство од репарирање стари коли и повторно продавање.Немаме пари генерално инаку кај нас има голем потенцијал за таков бизнис,наместо да се носат во отпад старите модели со соодветна репарација многу лесно би се продале на пазарите на западна европа.

Имаме пари :P ... Се согласувам со тебе ...
Искрено, ја разгледував таа опција како област за евенутална инвестиција со оглед дека има еден куп луѓе кои не знаат што поседуваат дома и го сметаат за крш, со секоја чест на исклучоци ...

Најголемиот проблем е пронаоѓање на делови за одредено возило, затоа што имаат доста специфични машини ...
Никој не сака машина од друго возило, се губи автентичноста ....

Така да, тоа е доходовен бизнис, само ако имаш од каде да набавуваш делови, и нормално, квалитетен механичар кој може да се посвети на проектот ...
Реално гледано нема кај нас нема ни делови,ни мајстори што ќе ти се нафатат да го изработат тоа освен ако не фатиш ти лично,но затоа гледав има развиено цела индустрија во Полска и Чешка што се занимаваат баш со ова.
Поради ефтината работна рака и делови многу ентузијасти од Англија се решаваат баш таму да ги однесат на репарирање своите коли,што значи ако имаш доволно кеш и тоа е опција за сериозно размислување ;)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Олдтајмери- во вистинска смисла !!!
« Одговори #17 на: 16 Февруари 2012, 19:29:42 pm »
нема клима, батали го ;D :D ;D ;D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Олдтајмери- во вистинска смисла !!!
« Одговори #18 на: 16 Февруари 2012, 20:35:12 pm »
Мојот кадет е во 37 година моментално уште 3 и ете го олдтајмер.
Иначе се на него е оргинал и не е менувано ниту една рачка или било што. Исто и моторот е оргинален и карбураторот.
А уште ги има прилично многу дури ми е чудно бар во Штип јас знам за 7 други покрај мојот. Ама мојот е најубав. :P

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Одг: Олдтајмери- во вистинска смисла !!!
« Одговори #19 на: 17 Февруари 2012, 20:05:27 pm »
дај клај некоја слика да го видиме :D
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D