Епа за да можеш да ја продадеш мора да има некој што ќе му стои во гаража
.Не знам зошто не би инвестирал во нешто што со текот на годините само ќе му се зголемува вредноста?
Па ако имам пари да купам скап олд-тајмер,наместо да го купам и да чекам да му качи вредноста,ке ги вложам парите во нешто друго и побрзо а и повеќе пари ке направам,одколку шо ке направам ќар на олд-тајмерот(после извесно време)
Па со моменталнава состојба на економијава не знам баш дали е така

.На страна тоа,тие што ги инвестрираат парите во олд-тајмери најчесто не го прават тоа за да брзо заработат туку чисто од пасија спрема автомобилите или одреден модел.Значи ем си го правиш кејфот ем си ќар.Win-win ситуација е според мене.

Додека ти не би ја купил има луѓе што би ја купиле и направија богатство од репарирање стари коли и повторно продавање.Немаме пари генерално инаку кај нас има голем потенцијал за таков бизнис,наместо да се носат во отпад старите модели со соодветна репарација многу лесно би се продале на пазарите на западна европа.
Имаме пари
... Се согласувам со тебе ...
Искрено, ја разгледував таа опција како област за евенутална инвестиција со оглед дека има еден куп луѓе кои не знаат што поседуваат дома и го сметаат за крш, со секоја чест на исклучоци ...
Најголемиот проблем е пронаоѓање на делови за одредено возило, затоа што имаат доста специфични машини ...
Никој не сака машина од друго возило, се губи автентичноста ....
Така да, тоа е доходовен бизнис, само ако имаш од каде да набавуваш делови, и нормално, квалитетен механичар кој може да се посвети на проектот ...
Реално гледано нема кај нас нема ни делови,ни мајстори што ќе ти се нафатат да го изработат тоа освен ако не фатиш ти лично,но затоа гледав има развиено цела индустрија во Полска и Чешка што се занимаваат баш со ова.
Поради ефтината работна рака и делови многу ентузијасти од Англија се решаваат баш таму да ги однесат на репарирање своите коли,што значи ако имаш доволно кеш и тоа е опција за сериозно размислување
