Веќе четврта година како дома спиеме на дормео душеци. Тој во собата за размножување е 220х200 и кај малиот у соба 190х90. Досега не сме имале никаков проблем со мувла. Спалната е со сандак одоздола и латофлекс механизам на кој лежи душекот. Знам дека првата година кога ги купивме малиот пошто спиеше со нас на спалната станал ноќта и во сон наместо во купатило тој на ќошот од спалната му се видело како идеално место за олеснување па си се измочка на душекот, и тоа добро го поднови. Ниту флека остана, ниту мувла се појави, нормално сопругата благовремено делуваше да не остане флека.Тој кај малиот у соба не е на латофлекс туку лежи на плоча од иверица и кога мајсторот ми го правеше креветот за малиот по нарачка му реков да ја избуши иверицата односно да направи дупки на секои 20-25см за да може да има колку толку проток на воздух. Таа иверицата ја направи ко швајцарако сирење. Еве досега ниту тој душек нема покажано мувла. Битно е како што е претходно спомнато барем еднаш месечно да се ротираат.
Кога лежиш на душекот имаш чувство дека како да кажам, "плуташ" по него. Исто како во вода, ниту си на површината ниту пак тонеш. Сега тоа претпоставувам зависи и од видот на душекот. Нашите се IMemory Silver. Во секој случај досега сме презадоволни од душеците.
Ако некој сака да нарача нешто од Дормео мислам дека сеуште ни е валидна таа картичката за лојални корисници или како ја викаат, така да можам да помогнам со некој попуст пошто даваат попуст за нивни членови, само ќе морам да проверам со сопругата прво пошто тоа е во нејзина надлежност. Мораат да дадат некој попуст пошто тогаш кога ги купувавме душеците искеширав 700 и кусур евра за душеци, ќебиња, навлаки, јастуци. курци-палци, и плус сопругата купуваше уште нешто во неколку наврати, ако не дадат ќе има циркуси.....
П.С Да не заборавам, многу се досадни со тие промоциите што ги имаат, осет да се немало, сто пати ќе ти се јават и ќе те замараат иако културно ги одјебуеш.