Јас на спалната имам од Симпо, 200х160, Адмирал Брокар беше моделот.
Сега за сега сум задоволен од него, го користам скоро година ипол.
Ставен е на латофлекс и си брка работа. Има зимска и летна страна, а купен беше по цена од некој си 11к денари со некој си попуст.
Инаку имаа и од тие федер во џеб, кои се релативно помеки.
Јас мек душек за спиење не сакам, имам проблем со кичмата и тоа ме убива. Овој од Симпо е тука некаде на граница, и доста е удобен за спиење, мада јас би одел на едно ниво потврд.
Таков потврд земав од Дома Мебел, за креветот во детска соба 90х200, со зимска и летна страна, поставен на летвички, од наша Гостиварска компанија која ги произведува:
http://www.almero.com.mk/Неколку пати имам спиено, и за мене спиењето е перфекција. Посакувам ист таков да земев и за на спалната. Значи потврд душек него овој од Симпо.
Мислам дека моделот беше натура или елеганс, не се сеќавам, треба да проверам.
Мислам дека е со дупла заштита, односно со филц, сунгер, филц и пак мек материјал, а обичниот е само со филц и сунгер и пресвлека. Пресеците ги имате во салоните кај што ги продаваат, конкретно во Дома Мебел во Ѓ.Петров.
Цената беше некаде околу 3500 денари со некаков си попуст ако добро се сеќавам.
Да дополнам само за Дормео.
Од дормео имавме купени две перници, оние со ситна мемори пена, бла бла бла...
После 7 - 8 месеци, јастуците почнаа да се прават како камења.
Пред употреба требаше да се чуваат надвор, некое време за да се надишат воздух

Да се надујат, па да ги растресуваш и тн итн...Ај Ок, секој ден ги лупаш пошто се како калап направени...Минимум два пати неделно на свеж воздух. Ај летно време, ама зимно? Каде? На чур да се усмрдат. Ај и тоа некако прегуравме...Ама после станаа како камења. После година дена користење не се спиеше на нив...
Проблемот го решив со купување на Калина перници, кои ги користиш година и дена и после тоа фрли ги. 900 денари чинат за сите тројца. Барем нов и мек јастук ке користиш година дена.
Барем како човек ке спиеш.
Дормеоно се скамени, џабе растресување, џабе луфтирање..
Е сега некаде прочитав дека таа мемори пената имала рок на траење 2 години. Дали има некој друг овакво инфо, проверено од сигурен извор, за да можеме да ја сметаме оваа информација како релевантна???