Автор Тема: Дормео Душеци  (Прочитано 71247 пати)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #105 на: 26 Март 2015, 11:19:54 am »
И ја имам земав за мојот кревет од гостиварските,сега за сега одличен за парите.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #106 на: 26 Март 2015, 11:32:16 am »

во принцип од една гостиварска фирма купувам. имаат своја продавница кај универзална, продаваат и оков како и механизми за намештај. сум пробал и други душеци, тро поскапи, предвидени за тешки луѓе... џабе.. се е џабе... сите се исти К... само дормеото не пропадна, ама затоа замириса и мувлоса...

Онак може да споделиш контакт од гостиварците ако имаш?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #107 на: 29 Март 2015, 05:12:39 am »
контакт немам.. локација. кај универзална, возиш по таа улицата накај златен клас што иде. златен клас е на последното раскрсниче. на предпоследното, влези десно (тоа е слепо уличе) при крајот од лева страна има поголема куќа, тука се... и оков за намештај продаваат, како и механизми за врати (шарки, рачки дрн дрн дрн)... тука има нивни душеци.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #108 на: 29 Март 2015, 13:32:55 pm »
Овие што ги зборите гостиварските исти ли се со овие јас што земав na feder bay или други се? еве линк http://www.feder-bau.com.mk/files/mk/proizvodi.aspx

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #109 на: 29 Март 2015, 13:57:56 pm »
Јас имам Бернарда две ипол години, до сега е одличен. Со федери е и тежок олово четворица го качувавме по скали.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #110 на: 30 Март 2015, 01:22:37 am »
Мојот е од Амаи Гостивар

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #111 на: 30 Март 2015, 11:12:33 am »
Барем да пишете подетално кој модел, со сугер, федери или федери со џепови..


Добра цена добив за душек кој е сунгерест и тврд. Доколку земам сунгерест душек сакам навлака да направам од матријал како што се зимските јакни да не пропушта вода од една страна а од друга да испушта, да дише, со тоа шансите да мувлоса ќе бидат нула.
Ваков матријал не се става намерно за да нема голема трајност душекот.

Има ли негде таков матријал на метража.


Присутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #112 на: 30 Март 2015, 12:09:29 pm »
"Добра цена добив" ништо не значи - пиши што марка, модел, димензија па некој ќе те посоветува ако се разбира.

Јас завчера купив а вчера ми го испорачаа - Фили Филипович Баланс Плус од Кристина Дамил, со саемски попуст 24,000 ден 160 х 200. Џебно јадро, PU пена и латекс. Малку е потврд од претходниот но верувам малку ќе омекне со време, и се надевам ќе си ја задржи формата за разлика од претходниот од Симпо.

На саем бев, во Бернарда гледав, почна да вади некои цени од 35,000 ден до астрономски 120,000 ден за пристоен душек, ме убедуваше дека H1-H4 не било тврдост на душекот него нешто друго, го поздравив и си отидов.

Во Прима има душеци по доста фер цени, само незнам чиво производство се, продавачот рече дека се хрватски, фабрика не спомна.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6220
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #113 на: 30 Март 2015, 12:19:50 pm »
Амаи Ројал е моделот мислам,доста е висок и по средниот дел од сите страни е со мрежест отвор за да дише душекот.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #114 на: 30 Март 2015, 18:07:17 pm »
Да бидеме попрецизни, кој модел, цена и димензии.

На брзање ги проверуав добро лежење имаше, странично можно е малку да беше крут може и неудобен, не правев споредба со сите странично лежење.
230*180=120e.


https://www.facebook.com/pages/Feder-Bau/280635381948835?fref=ts

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #115 на: 30 Март 2015, 22:36:37 pm »
Доколку земам сунгерест душек сакам навлака да направам од матријал како што се зимските јакни да не пропушта вода од една страна а од друга да испушта, да дише, со тоа шансите да мувлоса ќе бидат нула.
Ваков матријал не се става намерно за да нема голема трајност душекот.

Има ли негде таков матријал на метража.

Која ти е логиката на размислувањето, со тој материјалот за кој зборуваш (а ваљда мислиш на нешто како горетекс)? Што би добил со ставање на материјал што би функционирал како паропропусна брана.
Напротив, душекот од сите страни треба да дише.
Такви материјали ставаат во шушкавци, да те штити од дожд ама и да се луфтираш кога ќе се испотиш и со тоа да не останеш мокар од пот. Пошто душекот не би требло да го врне (освен ако немаш некои специфични идеи) - не гледам што ти е идејата...  :)

Гледај, од мое искуство (и размислување) за непојавување на мувла сметам дека најважни се следниве работи:
- под душекот да има добар и непречен проток на воздух.
- даскички како подлога на душекот
- избегавање на дизајни за спални кои имаат фиоки под креветот.

Толку, јас и еднаш на месец-два го ротирам душекот (еднаш 180, еднаш 360 степени) за да не биде легнат постојано на истите даскички. Е сега за даскичките, има такви што идат купечки демек ергономски - латофлекс (конкретен бренд е ова) ги знаат сите продавачи. Ама проблемот со овие е што не се многи јаки, и ако деца некогаш скокаат на нив (или невестата евентуално :) ) лесно се кршат (ова од искуство на познати). Плус за спална ќе има една цврста нефлексибилна даска на средина - удобно ќе биде само на две фиксни позиции на спалната, помести се малку и ја губиш удобноста.

Мене на тишлер по нарачка ми направија букови даски, некои 4-5см широки и 3см дебели, на 5-6см раздалечина одвоени. Немаат смрт тие. Душекот исто. Иначе Дормео е, постар модел од пред некои 7-8 години. Од латекс, и мислам дека тоа е најдобар материјал и за душек и за јастук. Мек и удобен а не држи долго топлина. Сега нема такви дормео душеци од латекс јадро, сите се од мемори пена - таа исто е мека и удобна, ама држи топло. За јастуците посебно смета тоа што држи топло, летно време.
Ако најдеш некаде душек со јадро од латекс... јас на таа карта би играл.

Иначе сите што ги знам што имаа проблеми со мувла, со Дормео душеци каков што имам јас - сите имаа под душеците подлоги како шпер-плоча. Мора да дише душекот, тоа му е мајката. После спиење добро е да не се мести веднаш постелината (изговор за мрзливост) ;)
Ај со среќа да си најдеш нешто по кеиф.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #116 на: 31 Март 2015, 02:18:23 am »
Да бидеме попрецизни, кој модел, цена и димензии.

На брзање ги проверуав добро лежење имаше, странично можно е малку да беше крут може и неудобен, не правев споредба со сите странично лежење.
230*180=120e.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

https://www.facebook.com/pages/Feder-Bau/280635381948835?fref=ts
Jas go imam standard i relax ot ne gledam nekoja razlika osven sto relaxot e malku potvrd od standardot eve gi teram 4-5 god bez  problem da popusti, cenata togas za 220x180 bese 100 eur  a za vo detskata  soba edinecniot 3500 go zemav ..... PS ovoj na slikata ne znam kakov e ako znae nekoj neka ti kaze pozz....

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #117 на: 31 Март 2015, 19:25:23 pm »
Доколку земам сунгерест душек сакам навлака да направам од матријал како што се зимските јакни да не пропушта вода од една страна а од друга да испушта, да дише, со тоа шансите да мувлоса ќе бидат нула.
Ваков матријал не се става намерно за да нема голема трајност душекот.

Има ли негде таков матријал на метража.

Која ти е логиката на размислувањето, со тој материјалот за кој зборуваш (а ваљда мислиш на нешто како горетекс)? Што би добил со ставање на материјал што би функционирал како паропропусна брана.
Напротив, душекот од сите страни треба да дише.
Такви материјали ставаат во шушкавци, да те штити од дожд ама и да се луфтираш кога ќе се испотиш и со тоа да не останеш мокар од пот. Пошто душекот не би требло да го врне (освен ако немаш некои специфични идеи) - не гледам што ти е идејата...  :)

Гледај, од мое искуство (и размислување) за непојавување на мувла сметам дека најважни се следниве работи:
- под душекот да има добар и непречен проток на воздух.
- даскички како подлога на душекот
- избегавање на дизајни за спални кои имаат фиоки под креветот.

Толку, јас и еднаш на месец-два го ротирам душекот (еднаш 180, еднаш 360 степени) за да не биде легнат постојано на истите даскички. Е сега за даскичките, има такви што идат купечки демек ергономски - латофлекс (конкретен бренд е ова) ги знаат сите продавачи. Ама проблемот со овие е што не се многи јаки, и ако деца некогаш скокаат на нив (или невестата евентуално :) ) лесно се кршат (ова од искуство на познати). Плус за спална ќе има една цврста нефлексибилна даска на средина - удобно ќе биде само на две фиксни позиции на спалната, помести се малку и ја губиш удобноста.

Мене на тишлер по нарачка ми направија букови даски, некои 4-5см широки и 3см дебели, на 5-6см раздалечина одвоени. Немаат смрт тие. Душекот исто. Иначе Дормео е, постар модел од пред некои 7-8 години. Од латекс, и мислам дека тоа е најдобар материјал и за душек и за јастук. Мек и удобен а не држи долго топлина. Сега нема такви дормео душеци од латекс јадро, сите се од мемори пена - таа исто е мека и удобна, ама држи топло. За јастуците посебно смета тоа што држи топло, летно време.
Ако најдеш некаде душек со јадро од латекс... јас на таа карта би играл.

Иначе сите што ги знам што имаа проблеми со мувла, со Дормео душеци каков што имам јас - сите имаа под душеците подлоги како шпер-плоча. Мора да дише душекот, тоа му е мајката. После спиење добро е да не се мести веднаш постелината (изговор за мрзливост) ;)
Ај со среќа да си најдеш нешто по кеиф.

Поентата не е врнење туку да не го апсорбира потењето.
Пр. мембраната горетекс си дише и не пропушта пот, таква навлака да има е одлична работа особено за душеци кои се без федери.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #118 на: 31 Март 2015, 20:59:55 pm »

Значи материјалот би требало да не пропушта пот/влага во насока кон душекот?
Тогаш зошто ти треба да дише во обратна насока (нели душекот нема да се влажни)?  :)

Нејсе, од аспект на само едно од тие својства - материјал кој не пропушта пот и влага (без обратната паропропусност што ја има горетексот): многу лесно можеш да експериментираш - пробај легни една вечер на најлон, и кажи ни овде колку ќе ти биде пријатно (и колку ќе се препотиш)...

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Дормео Душеци
« Одговори #119 на: 01 Април 2015, 00:14:33 am »
Во секоја просторија има одреден процент на влага па подобро е да дише.

Муабетот со најлонот ти е без врска, навлака горетекс мембрана финиширана памук, полиестер и сл.