Доколку земам сунгерест душек сакам навлака да направам од матријал како што се зимските јакни да не пропушта вода од една страна а од друга да испушта, да дише, со тоа шансите да мувлоса ќе бидат нула.
Ваков матријал не се става намерно за да нема голема трајност душекот.
Има ли негде таков матријал на метража.
Која ти е логиката на размислувањето, со тој материјалот за кој зборуваш (а ваљда мислиш на нешто како горетекс)? Што би добил со ставање на материјал што би функционирал како паропропусна брана.
Напротив, душекот од сите страни треба да дише.
Такви материјали ставаат во шушкавци, да те штити од дожд ама и да се луфтираш кога ќе се испотиш и со тоа да не останеш мокар од пот. Пошто душекот не би требло да го врне (освен ако немаш некои специфични идеи) - не гледам што ти е идејата...

Гледај, од мое искуство (и размислување) за непојавување на мувла сметам дека најважни се следниве работи:
- под душекот да има добар и непречен проток на воздух.
- даскички како подлога на душекот
- избегавање на дизајни за спални кои имаат фиоки под креветот.
Толку, јас и еднаш на месец-два го ротирам душекот (еднаш 180, еднаш 360 степени) за да не биде легнат постојано на истите даскички. Е сега за даскичките, има такви што идат купечки демек ергономски - латофлекс (конкретен бренд е ова) ги знаат сите продавачи. Ама проблемот со овие е што не се многи јаки, и ако деца некогаш скокаат на нив (или невестата евентуално

) лесно се кршат (ова од искуство на познати). Плус за спална ќе има една цврста нефлексибилна даска на средина - удобно ќе биде само на две фиксни позиции на спалната, помести се малку и ја губиш удобноста.
Мене на тишлер по нарачка ми направија букови даски, некои 4-5см широки и 3см дебели, на 5-6см раздалечина одвоени. Немаат смрт тие. Душекот исто. Иначе Дормео е, постар модел од пред некои 7-8 години. Од латекс, и мислам дека тоа е најдобар материјал и за душек и за јастук. Мек и удобен а не држи долго топлина. Сега нема такви дормео душеци од латекс јадро, сите се од мемори пена - таа исто е мека и удобна, ама држи топло. За јастуците посебно смета тоа што држи топло, летно време.
Ако најдеш некаде душек со јадро од латекс... јас на таа карта би играл.
Иначе сите што ги знам што имаа проблеми со мувла, со Дормео душеци каков што имам јас - сите имаа под душеците подлоги како шпер-плоча. Мора да дише душекот, тоа му е мајката. После спиење добро е да не се мести веднаш постелината (изговор за мрзливост)

Ај со среќа да си најдеш нешто по кеиф.