Не кажав шо направив кога барав јас пред 3 месеци. Купив од Мебел Ви Алегро Покет, со непознато производство, дали овие од Виница ги прават или кинески ребрендирани се појма немам, само тој ми одговараше со буџетот и го имаа на лагер. Башка и средно тврд е H3, по мое видување, сите други беа помеки Н2.
https://www.mebel-vi.com/allegro-dusheci/allegro-pocketВо Кристина Дамил по телефон имаа, ми викаат на легер од Филипович, 1 со мемори и 6 со латекс, да си дојдиш да видиш најубаво.
И појдов во Ѓорче спремен со латексот да го земам, па шоферот на камионот ми беше продавач и ми вика немаме да го пробаш овде, не знам каде има шо има, само овој со мемори е, и ми покажа други душеци со муабетот, ваков имаш копија на Филип Филипович, сите го земале, после ваков итн.и со прст ми покажува на душеци за мојата димензија, од 3000ден до 15000ден. Овој овој овој.... со седнување требаше да пробувам кој е со суѓери кој со жичано, кој џебно. Фак оф си реков во умот и си заминав.
Потоа бев и во другиот салон на Борис Трајковски, каде ме пречека соодветна личност и ми објасни убаво што имаат, каков имаат и од кој производител.
Во Прима ништо на лагер, за малку ќе земев еден изложбен кога ми кажаа не давале на него гаранција, а и беше малку искривен кај што се пробуваше. А услугата им е топ и Скопје и Битола.
Бонели ги немаа сите душеци во салонот како на вебот, и меки ми беа два што ги пробав, убаво е што праќале по карго другиот ден ако сакам, за разлика од другите салони, правеле достава кога ќе наполнеле камион за 5 дена или 30дена, не се знае.
Во Вардар од Алмеро имаа претежно и со жичано јадро, неќев таков. Имаа и нешто и од moj san од србија ама немаа на лагер за мене мислам.
Дормео, попара во Битола, еден душек имаа впродавница и како само тој да се продаваше, нека затворат поарно нека не се срамат.
Пердормире навреме затворија во Битола, сигурно иста политика тераа.
Во Југоекспорт едни турски SP мислам беа поефтини, не чинеа, како недопраени се осеќаа сунѓерите на рабовите, поскапите не знам шо марка беа, добри беа.
Во Нетам не бев, го заборавив.