Колега, тие високите Ѕ3 се топ. Јас ги имам два пати облечено, ама тие два пати каде не завлегов. Немаат мака. А црните, ниски не сум ги носел, ми ги украдоа од шкафче. Знам само дека се квалитетно сработени, а тоа што пропуштаат вода и студ е затоа што не се наменети за такви услови. На некој му се шпарало па не земал опинци за вработените какви што треба.
Што се однесува до Alpina во моментов имаат одлични попусти и дефинитивно се best buy. Имаат огромен избор, така да ако некој треба да купува нека претрча до Карпош 4 трговскиот кај кулите. Јас во Декември земав одлични опинци (кои не се ХТЗ) намалени од 8000 на 5600, 30% намалување. Држат топло и не пуштаат вода, тестирани по снеговите и студот зимава на секаков терен.