Денес решив планика да земам Протект ама последно бројче и малку ме стегаше се откажав.
На крај решив за Стол моделот кој е идентичен ми даваат да пробам еден број поголеми, кога гледам голема разлика во кожата. Рапава, не е мазна по крута. Што е работава ги прашувам најнова пратка така ги правеле демек ист квалитетот бил.
Отидов на др. место да пробам и прашам дали има од стариот модел, ми дава девојкава еден број помали помали од тие што барам пробај ми вика. Абе мали се и викам, она запна па ае и викам кога гледам таман ама врвката па кратка едвај да ги врзеш, башка ставена етикета од друг модел.
Ми падна сомнително да не е некој фалсификат, или послаб квалитет и се откажав од земање, а тешко се кандисав да дадам толкава сума пари.
Ако најдам од претходната пратка ќе земам.