Имам едни Salomon x ultra gtx goretex, ги користам по планини, се се супер дур не те фати дожд како деновиве дури одам по печурки ,почнуваат полека да пропуштаат и кога ќе се изводенат оди исуши ги да те видам, горетексот слабо диши и ќе ти седат 3 дена водени, ги полнам хартија па ја менувам па фен и пак секој ден со водени влажни шеташ. Океј се за суво,испрскани со спреј за сув снег евентуално кусо време по слаб дожд, океј сњ и за урбна средина.Терекс со крапон се океј за таму кај шо им е местото, добар грип имаат по корења и земја, за во урбана средина се крути и џабе трошиш ѓон.
Најдобра патика досеа шо сум ја носел и ја носам моментално, не можам да ги одделам од нозете од шо се навикнав на нив се Asics Gel нешто, некој постар модел ги земав на старо од тие групите по Фб без знаци на користење.
Сеа глеам има нов модел по реклами од спорт вижн или реалити ама се околу 200е..
Невидено згодна патика е, никаков притисок не осеќам на кичмата,супер упиваат удари и грипот по планински терен е супер. Не се за ладно време, ама за топло време се топ и дека не се горетекс не му ја мислам мн, и да ги изводенам до сабајле ќе се суви пак.

Sent from my iPhone using Tapatalk