Дечки, пред една недела купивме водоотпорни чизми за невестата од Спортвижн, со 4 месеци гаранција... арно ама вчера му се одлепија од напред и од страните, бев до продавницата и побарав замена, се согласија меѓутоа го нема тоа бројче, се распродале... друга опција била да си одберам друг производ, при што моментално такви водотпорни модели има само поскапи за 2000 денари, што не ми паѓа на памет да доплаќам, патики моментално не му требаат, а пари не враќале... вреди да ги активирам ДПИ, мислам дека треба да ги вратат парите кога веќе немаат заменски произод ?