Иста ситуација имав вчера ама за фармерки у риплеј ситимол. На 13ти ги купив ги облекувам дома скинати доле, не сум ги приметил таму кога ги пробав. Вчера одам да ги заменам таа вика не може немаат етикети. Абе девојче ти кога нешто облекуваш да го носиш етикетите по чаршија ли ги шеташ. Ама има поминато 3 дена, е добро де еден е денес другиот е кога сме биле значи не се три два дена се.
Среќа што женами е конфликтна личност и утати 2-3 остри погледа и ми ги заменија за исти. Дури и беа арогантни и као со потсмев ај проверете да не се и овие скинати. На тоа им вратив да си ги задржат етикетите ако им значи нешто. Не знам само тие зад касата ако дадат 10890ден за еден пар фармерки и им ги продадат со дефект нема да се побунат и да бараат замена.
Од тука во Карес, ми продадоа контиго термос кој што треба да е керамички да си чуваме вода за ад млеко за детето. Внатре се лупи, паѓа боја и им викам ок како е можно керамика да се лупи, дома јадеме од исти чинии неколку години и не се појави метал под нив. Ама знаете вака така онака се правдаат нешто. 2000ден зијан, и пак без термос. Вчерашниот ден ми е добра лекција повеќе никогаш ништо да не купам од Северна.
Sent from my VTR-L29 using Tapatalk