Здраво до сите,
пред околу 1 година ја купив колава и од самиот старт го има проблемов. При возење на автопат и на поголеми брзини (100+ км/ч), при нагло успорување од таа брзина (патарина, несреќа на патот, било што друго), ми се вклучува "check engine" сијаличката. Откако ќе се уклучи таа сијаличка и доколку го продолжам патот, моторот станува доста тромав, не се постигнува претходната брзина лесно... Треба да застанам целосно, да го исклучам моторот, да почекам некоја секунда, и повторно да ја запалам колата. Колата ќе се однесува добро и "check engine" нема да е вклучено се дур повторно не успорам/застанам од поголема брзина. Поради тоа дефектов скоро никогаш ми го нема појавено кога возам низ град, а секогаш на автопат ми го прави.
Ја имав на компјутерско дијагностифицирање и ми кажаа дека дава грешка 24, што значи Vehicle Speed Sensor - no signal.
Прашав за сензоров во една продавница за Опел автоделови и ми кажаа дека го немаат сензоров но може да ми го порачаат и чини 130 евра.
Во меѓувреме сменив и масло на менувачот, надевајќи се дека тоа ќе го отстрани проблемот, ама ништо.
Проблемот е што различни мајстори - различни причини/решенија ми кажуваат, и ми изгледа како сите нивни совети се trial and error, а не конкретно искуство. Еден ми вика дека е VSS, друг дека менувачот ќе ми откаже кај и да е па најдобро да купам нов, а мнозинството не сакаат ни да ја погледнат бидејќи не е обично менување на масло или филтер за воздух. Сега сите начини за решавање на проблемов да земам да ги тестирам ќе ме фати многу нерви, време и пари, па затоа се обраќам на членовите на форумов случајно некој да не има искуство со проблемов и релативно посигурен начин за негово отстранување.
Благодарам однапред ако некој може да помогне