Автор Тема: Фери бродови Албанија/Грција за Италија  (Прочитано 4231 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Фери бродови Албанија/Грција за Италија
« на: 13 Февруари 2012, 22:17:59 pm »
Барам упорно на кои страни можам да резервирам фери брод од Драч до Анкона или до Бари односно Игуменица до Италија...

Сите ми даваат за 1 кола и 2 патници во кабина со ВЦ по 500-600 евра во 2 правци...

Му пратив порака на Сарач за совет ама не знам дали ја видел...

Некој да каже искуство?

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Фери бродови Албанија/Грција за Италија
« Одговори #1 на: 13 Февруари 2012, 23:35:11 pm »
http://www.greekferries.gr/index.html

ај провери сам, набрзина колку што видов игуменица-бари-игуменица излегува 350еур за кола+двајца+кабина цо вц.....

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Фери бродови Албанија/Грција за Италија
« Одговори #2 на: 13 Февруари 2012, 23:42:05 pm »
сега гледам има линии и од драч за анкона, бари итн....

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Фери бродови Албанија/Грција за Италија
« Одговори #3 на: 14 Февруари 2012, 00:09:56 am »
Фала, странава не ја знаев. Сега ќе разгледам.

Гледам Анкона - Драч ми излегува по 500 евра повратна за кола и двајца... Некако многу пари ми изгледа, поготово што слушав муабети дека било поефтино, околу 200, 250 евра...

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Фери бродови Албанија/Грција за Италија
« Одговори #4 на: 14 Февруари 2012, 14:14:52 pm »
Јас пред 2 години во Игуменица прашував за кола+двајца до Бари и назад, имаше многу различни цени. Најефтино беше ~200 евра за кабина со вц (тоа беше ако идеш во двата правци со иста компанија), па до 5-600 евра за со различна компанија во време кога тебе ти одговара. Ова го напоменувам бидејќи најскапи се ноќните бродови кои стигнуваат сабајле било Игуменица, било Бари (се патува ~9 часа). Тие што тргнуваат сабајле, патуваш денски, стигнуваш навечер, се најевтини.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Фери бродови Албанија/Грција за Италија
« Одговори #5 на: 14 Февруари 2012, 14:42:40 pm »
http://www.montenegrolines.net/cjenovnik

Повели колега види како ти фаќа око, и на крај направи споредба која варијанта е најефтина.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Фери бродови Албанија/Грција за Италија
« Одговори #6 на: 14 Февруари 2012, 15:31:41 pm »
http://www.ferries.gr/minoan/ Исто така провери ги и од Водафон бродовите,мада тие се поскапи пошо се брзи
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D