Јас пред 2 години во Игуменица прашував за кола+двајца до Бари и назад, имаше многу различни цени. Најефтино беше ~200 евра за кабина со вц (тоа беше ако идеш во двата правци со иста компанија), па до 5-600 евра за со различна компанија во време кога тебе ти одговара. Ова го напоменувам бидејќи најскапи се ноќните бродови кои стигнуваат сабајле било Игуменица, било Бари (се патува ~9 часа). Тие што тргнуваат сабајле, патуваш денски, стигнуваш навечер, се најевтини.