Автор Тема: Фарбање браници  (Прочитано 9159 пати)

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Фарбање браници
« на: 12 Февруари 2012, 18:32:52 pm »
Неможев да најдам некоја ваква тема, па викам да прашам дали некој знае цени, искуства, мајстори, квалитет ? Иде пролет треба да размислам и да соберам некој денар.
>>>>><<<<<

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Фарбање браници
« Одговори #1 на: 13 Февруари 2012, 17:58:31 pm »
Дубро бе (БЦ), никој не фарбал браници ???
>>>>><<<<<

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фарбање браници
« Одговори #2 на: 13 Февруари 2012, 18:10:38 pm »
Имаме еден одличен автолакер во Гостивар, све и свашта има фарбано, никој се нема пожалено.
Ќе се потрудам да најдам нешто од сработеното. Ако ти се допадне, и број ќе добиеш.

ЕДИТ: Повели, и имај на ум дека ова се порачки на гостиварски шизици, а не она што најдобро можат да го сработат.

https://www.facebook.com/pages/Auto-Laker-Haliti/141600652539943

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Фарбање браници
« Одговори #3 на: 13 Февруари 2012, 18:16:32 pm »
Да видам која цена ке даде, браникот сатар го направив од смрдениов снег
>>>>><<<<<

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Фарбање браници
« Одговори #4 на: 13 Февруари 2012, 22:38:45 pm »
прашај и во сервис богдановски,гледам добро работат дечките

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Фарбање браници
« Одговори #5 на: 14 Февруари 2012, 02:05:06 am »
Прашај си во Џерси,јас имам фарбано цела кола таму и бев презадоволен,е сега малку соленки се ама вреди,профи си ја работат работата,така беше пред 2-3 години а за сега незнам.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Фарбање браници
« Одговори #6 на: 18 Февруари 2012, 21:52:05 pm »
Да видам која цена ке даде, браникот сатар го направив од смрдениов снег


Ако падни пак снег јас мојот го вадам...мадафака стајл ќе ја возам
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен infected

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 402
Одг: Фарбање браници
« Одговори #7 на: 19 Февруари 2012, 01:21:33 am »
Имаш добар лакерски сервис после порта влае право само. Авто лакер ТОНИ се вика, мене ми има фарбано преден и заден браник, а и на другар му има фарбано хауба и покрив. Има супер цена и добро работи. Може некој клабер има повеќе податоци од мене за како да го контактираш.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Фарбање браници
« Одговори #8 на: 20 Февруари 2012, 10:12:20 am »
Кажи цена гору-доле да знаеме отприлика и за која кола се работи ???
>>>>><<<<<

Отсутен infected

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 402
Одг: Фарбање браници
« Одговори #9 на: 20 Февруари 2012, 13:42:37 pm »
Кажи цена гору-доле да знаеме отприлика и за која кола се работи ???

Преден браник за Вектра Б 1998, 3000денари + фарбање металик боја околу 1500 мислам беше.

На другаров само фарбање на Пежо 1998 (не знам која бројка, знам седан дека е), хауба, покрив, а мислам и врата од гепек пошто му беше избледена од сонце за 4000 мислам дека му ги офарба.

Не ме фаќај за збор со цениве малце поодамна беше ама знам дека беше најефтин од сегде кај што гледавме.
Плус јас тогаш му кажав дека сам ќе го монтирам и затоа ми испадна уште поефтино.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Фарбање браници
« Одговори #10 на: 20 Февруари 2012, 16:14:08 pm »
Па и јас ќе ги извадам, на роверот шро го имав едно 10 пати вадев и ставав предниот браник (заради заменана фаровите) ај баш ќе поминам од кај него да видам што ќе каже.
>>>>><<<<<

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Фарбање браници
« Одговори #11 на: 20 Февруари 2012, 16:25:43 pm »
Прашај си во Џерси,јас имам фарбано цела кола таму и бев презадоволен,е сега малку соленки се ама вреди,профи си ја работат работата,така беше пред 2-3 години а за сега незнам.
Меганот си го фарбал?

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Фарбање браници
« Одговори #12 на: 21 Февруари 2012, 09:16:21 am »
Не сум го фарбал Меганот.Имам фарбано Тојота Корола,беше многу оштетена бојата,стоена на паркинг,еден куп гребаници иако беше 2002г. и залудно беше да се полира.

Искрено јас бев против ама ме убедиа и не згрешив,колата стакло излезе и не се покајав само што брзо ја продадов и сега си ужива новиот сопственик!

Кога ја продавав колата идеа некој луѓе со јаки мајстори кој не можеа да приметат дека е фарбана колата.На некој што се правеа дека многу се разбираат,прво ги оставав да ја гледаат и да коментираат и на крај им кажував дека е цела фарбана само да им докажам дека има подобри мајстори од нив.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Фарбање браници
« Одговори #13 на: 21 Февруари 2012, 09:23:00 am »
јас имам фарбано браник во Сеат, еднаш заден браник еден ме тртна па си добив нов односно нели таму го фарбаат стига црн, и еднаш имам фарбано десно крило бидеки го изгребав убаво од канта за ѓубре. Мојата боја барем ја праат тип топ таму немам поплаки

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Фарбање браници
« Одговори #14 на: 21 Февруари 2012, 11:34:17 am »
Во ка-дис многу многу не сум задоволен, на новата ибица на брат ми кога удри куче, ставија нова хауба и браник, ги исфарбаа ама разлика од авион можеше да се примети, ама нели како ке се погоди.
>>>>><<<<<