Маршер ако може да објасниш како моторниот компјутер ја регистрира поминатата километража.Баш пред некој ден со еден другар правевме муабет за ова и он ми кажа дека он ги регистрира само сервисите кога се правени и според тоа може да се утврди колку точно има поминато.Има вистина во ова или сосема е друга математиката???
Кај поновите возила, отприлика после 2002, сите електронски модули комуницираат преку таканаречена CAN врска-условно земи го ова, сите кои на некој начин треба да разменуваат информации меѓу себе.Од тука, како шо кажаа некои можно е да е овозможено не само во моторниот , туку и во други модули да се снима изминатата км.Ова е почеста варијанта кај поскапите модели.Исчитувањето најчесто е можно со оригиналните тестери, меѓутоа тоа можат да го направат и некои други неоригинални.
Промената кај поновите најчесто оди преку обд конекторот, а кај некои мора да се вади таблата, што претставува ризик од нескано оштетување на истата.Интервенцијата во другите модули е можна на истите два начини, преку обд конекторот или со интервенција во меморијата на самиот модул.
Ова изискува, знаење, вештина и опрема, но кај нас соодветни фаци го работат, за порција кепаби и пиво во Дестан.Не ретко се случува при интервенцијата на враќење , да тргне нешто наопаку, па да мора да се менува и цела табла или некој друг модул, па кебапите ќе му застанат во грло.
Истите тие што бараат да им биде вратена км. на нивната кола, ќе ги видиш како збеснуваат кога ќе разберат дека на новата(половна) што ја земале исто е вратена км.Он смее да заебе некого, него не смеат.Сега е во тренд , од Кина да се земаат разни апаратчиња со оваа намена и се среќаваат многу „стручњаци“ кои за смешни пари ќе завршат работа , се до моментот кога ќе заебат некоја табла што чини 400-500 евра-половна.