Автор Тема: Ретровизор?  (Прочитано 10373 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Ретровизор?
« Одговори #15 на: 03 Февруари 2012, 02:03:28 am »
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=100953

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=297519

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=256848

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=6621

Едит:
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/813046?searchID=6970515&Idx=5

Фала за ова ракунче, изгледа како најдобра опција, да се изработи еден. А за овие со делови ги знам сите, само цел ретровизор даваат.

Во единствениот отпад за коли во Гостивар имаше 146 и 156, али комплет ги снема двете. Ја мерачев 146, ми требаа ситници али не завршив работа.

Ок, ако нешто наслушаш кажуј.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Ретровизор?
« Одговори #16 на: 03 Февруари 2012, 09:19:49 am »
Само оригинал стакло од ретровизор, никако некоја грдотија од обично огледало. :) Со среќа.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Ретровизор?
« Одговори #17 на: 03 Февруари 2012, 11:43:29 am »
Абе ете го, имам обично огледало исечено, ама не ми се праат крпеници...

Отсутен infected

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 402
Одг: Ретровизор?
« Одговори #18 на: 03 Февруари 2012, 12:21:54 pm »
Мене на астрата двата ретровизора ми се одлепија и ги нарачав само стаклата од ebay зошто тоа дефинитивно ми беше најефтина варијанта.
Инаку исто со греачи и со затемнување и со агол на возачкиот ретровизор.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Ретровизор?
« Одговори #19 на: 03 Февруари 2012, 12:39:57 pm »
Најдобро ќе да е тоа. Само уште да видам човекон како ги изработува, може ќе ми фати око.

Ти колку ги плати само огледалата?

Отсутен infected

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 402
Одг: Ретровизор?
« Одговори #20 на: 04 Февруари 2012, 17:19:03 pm »
Најдобро ќе да е тоа. Само уште да видам човекон како ги изработува, може ќе ми фати око.

Ти колку ги плати само огледалата?

Јас ги платив 32 евра парче. Доаѓаат спремни за монтажа ти ништо не лепиш нит се замараш, само треба да ги почекаш :)

edit: еве и линк http://www.ebay.co.uk/itm/Opel-Astra-H-GTC-Spiegelglas-Spiegel-Glas-beheizbar-re-/380329894899?pt=DE_Autoteile&hash=item588d6da3f3

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ретровизор?
« Одговори #21 на: 20 Февруари 2012, 10:30:05 am »
Најдобро ќе да е тоа. Само уште да видам човекон како ги изработува, може ќе ми фати око.

Ти колку ги плати само огледалата?

Јас ги платив 32 евра парче. Доаѓаат спремни за монтажа ти ништо не лепиш нит се замараш, само треба да ги почекаш :)

edit: еве и линк http://www.ebay.co.uk/itm/Opel-Astra-H-GTC-Spiegelglas-Spiegel-Glas-beheizbar-re-/380329894899?pt=DE_Autoteile&hash=item588d6da3f3

infected, па не си ги земал многу скапо. Нашиве дилери одат со цени и до 7000 за оригинално стакло, со греачи. Кажи ми, монтажата како оди, пошто еве конкретно на мојата Астра (G) има електрика и греачи. Има две жички за греачите, и две места за пиновите од моторчето. Само огледалото и греачите не се проблем за монтажа, но незнам како би ги споил огледалото со електромоторчето..? Сам ли си ги монтираше ти? Најверојатно и твоите се со греачи и електрика..?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7277
Одг: Ретровизор?
« Одговори #22 на: 20 Февруари 2012, 10:57:25 am »
Скапи се овие од официјалниве сервиси со делови...
Мене ми испадна ретровизорот во возење, удрив врапче со него и испадна, тангал се направи на улица ...
3500 денари ми бараа у Порше само за стаклото, купив едно привремено дур не најдам оригинал, итно ми требаше, од кај овие што продаваат авто делови 900 денари, сосе пинови за греачите ... ама не е тоа тоа,минимално е помало, и кога го подесуваш од внатре се гледа празнината ...
ке најдам оригинал секако ...

Иначе Члинк, мене ми кажаа дека ако пробам да го одлепам старото стакло, ке се распука целата инсталација за греење, не знам каков лепак спомна стакларот ...

Отсутен infected

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 402
Одг: Ретровизор?
« Одговори #23 на: 20 Февруари 2012, 13:34:44 pm »
Најдобро ќе да е тоа. Само уште да видам човекон како ги изработува, може ќе ми фати око.

Ти колку ги плати само огледалата?

Јас ги платив 32 евра парче. Доаѓаат спремни за монтажа ти ништо не лепиш нит се замараш, само треба да ги почекаш :)

edit: еве и линк http://www.ebay.co.uk/itm/Opel-Astra-H-GTC-Spiegelglas-Spiegel-Glas-beheizbar-re-/380329894899?pt=DE_Autoteile&hash=item588d6da3f3

infected, па не си ги земал многу скапо. Нашиве дилери одат со цени и до 7000 за оригинално стакло, со греачи. Кажи ми, монтажата како оди, пошто еве конкретно на мојата Астра (G) има електрика и греачи. Има две жички за греачите, и две места за пиновите од моторчето. Само огледалото и греачите не се проблем за монтажа, но незнам како би ги споил огледалото со електромоторчето..? Сам ли си ги монтираше ти? Најверојатно и твоите се со греачи и електрика..?

Да и мојата астра Х е со греачи и електрика. Сам ги монтирав и е многу едноставно, се вади пластиката на која е залепено стаклото и ќе видиш од позади има две жици кои се поврзуваат на пластиката. Истите тие ги штекаш на замената и си завршил работа.

Инаку за 6000 денари мене ми нудеа цел ретровизор со електрика, греачи и стакло спремен за фарбање и никој не нудеше само стакло. Затоа земав преку ибеј и не се каам воопшто. Стаклата се идентични со оргиналните.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Ретровизор?
« Одговори #24 на: 20 Февруари 2012, 16:42:47 pm »
Во овластените сервиси продаваат се’ посебно за ретровизорот, вклучително и огледалото..

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Ретровизор?
« Одговори #25 на: 20 Февруари 2012, 16:49:46 pm »
Дали е комплициран процес замена на внатрешниот ретровизор? Или пак само огледалото да го мењам, што препорачувате?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ретровизор?
« Одговори #26 на: 20 Февруари 2012, 16:59:54 pm »
Во овластените сервиси продаваат се’ посебно за ретровизорот, вклучително и огледалото..

Да, свесен сум за тоа.. И сите четири делови (огледало, куќиште, електро-моторче и капакот) комплет, излегува ~400 ЕУР-о. Затоа и прашав како да ги наместам стаклото.. Ај ќе сликнам слики, па ќе објаснам подетално каде ми е проблемот!

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Ретровизор?
« Одговори #27 на: 20 Февруари 2012, 19:08:11 pm »
во Еуро 7 рече дека имал, ама му се во Бугарија, одамна го чекам да донесе (јас барам обично, без греење,лево, за фиеста, не се исти лево и десно, десно имам вишок)

Отсутен infected

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 402
Одг: Ретровизор?
« Одговори #28 на: 21 Февруари 2012, 14:29:58 pm »
Во овластените сервиси продаваат се’ посебно за ретровизорот, вклучително и огледалото..

Да, свесен сум за тоа.. И сите четири делови (огледало, куќиште, електро-моторче и капакот) комплет, излегува ~400 ЕУР-о. Затоа и прашав како да ги наместам стаклото.. Ај ќе сликнам слики, па ќе објаснам подетално каде ми е проблемот!

Види во овој туториал од страна 5 па натака имаш за промена на стаклото на ретровизор кај астра х.
треба и кај тебе да е многу слично ако не и исто...

http://www.courtenaysport.co.uk/downloads/Folding_Mirror_swap2.pdf

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Ретровизор?
« Одговори #29 на: 24 Февруари 2012, 22:56:56 pm »
Фала, infected, али конструкцијата на ретровизорот на Г и Х е сосем различна. Еве каде е мојата мака:

Значи, ова е задниот дел од стаклото. Точките на спојување се обележани со 1, 2 и 3. Истите се спојуваат со моторчето за електрична контрола на позицијата на огледалото. Горе на сликата се пиновите за грејачите, но тоа ќе биде друга приказна. Ова сега ме интересира мене.



А ова, е внатрешноста од ретровизорот, каде лежи огледалото, и тука е електро моторчето. Точките на спојување, исто обележани со 1, 2 и 3 соодветно.



Точката 1 не е проблем - многу лесно се мести. Проблемот е кај 2 и 3, пошто не се фиксни туку се флексибилни, и се поместуваат. Тие го буткаат/влечат стаклото во посакуваната позиција. На врвовите имаат куглици, кои на изглед се поголеми од socket-от во кои се планирани да влезат (2 и 3 од огледалото.) Позади нема пристап за монтажа, никако. Ако го извадам моторчето, и го монтирам стаклото на моторчето, нема да можам да го спојам моторчето со куќиштето. Ако пробам вака да го поставам, никако неможам да дојдам го куглиците (2 и 3 од моторчето.)

Any advice, ако воопшто некој ме разбра, или работел ваква работа..?