еве и првата тема од мене на форумов, ако насловот не е погоден нека го дотераат модераторите, не сакав да биде копија од други форуми. Јас го спремив кангуто за зимава баш денес, променив антифриз, ставив адитив за масло, адитив за гориво за прочистување и адитив за гориво против мрзнење, сите liqui moly, за жал во цел Охрид не најдов Castrol, ама мислам дека и liqui moly ќе заврши работа. Зимските гуми ќе почекаат, зошто пред месец дена ставив 4 нови летни гуми и моментално немам финансии и за зимски, секако претежно возам низ град, а за на пат секогаш носам ланци.