Со име BiTDI, 3.0-литарскиот, twin-turbo дизел мотор со шест цилиндри, поседува 313 КС и вртежен момент од неверојатни 650 Nm. Моторот е веќе присутен кан некои модели на A6 (sedan, Avant wagon и Allroad high-rider) и A7 Sportback, а изгледа дека ќе го добие и Q7 crossover.
Кај A6 sedan, BiTDI придонесува за спринт од 0 до 100 km/h за 5,1 секунди со максимална брзина, електронски ограничена на, 250 km/h. Исто така, Audi работи и на нов ауспух специјално прилагоден за новиот BiTDI да може да си ги „истегне нозете“.
Од аудио материјалот, слушнете за каков „ѕвер“ станува збор.
http://soundcloud.com/audi-uk/the-new-3-0-bitdi-engine