Татко ми ја вози, нема да речам дека ја гази, ама до на работа 1км, пали гаси пали гаси ладен мотор, низ град максимум 10,5-11 преку сила, на отворено ја носи 7 ( ја има носено 6,5) просек 8,5. На бензиска му го оставиле капачето од антифризот отворено и си течело среќа одма го приметил и во АУТО ЦЕМ му го сменија, и овој шо работи во сервис ја зел да ја провози неколку километри да се разработел новиот антифриз ли незнам што не ме фаќајте за збор, и ја газел 130, моментална потрошувачка 6,8, баш приметил и му посочил на татко ми колку е економична.
Иначе не дека на почетокот не трошеше повеќе, првите месеци гореше бајаги поќе, ама се стабилизира. Предходно имавме Астра 1,4 90кс, значи ист возач ист начин на возење, иста потрошувачка, нека е и 0,5л поќе, ТОЛКУ.