^ Дека беше најинтересна во последните 10 години, немој извини. Прво болидите се вештачки, нема борба, жар на патеката, да дојдат до израз и квалитетите на возачот. Се е сведено на чување на гумите и ДРС. Најспориот болид со нови гуми, е побрз од најбрзиот болид со истрошени гуми. Престугнувањата никогаш не биле полесни, како да гледам трка на фичо и авион, при отворен ДРС едниот е побрз за цели 10-15 км/ч па оди одбрани се да те видам.
Можи имаше најмногу различни победници, можи имаше 5 конкуренти за титула до предпоследната трка, ама ништо од то не е интересно кога е вештачко. Со сила убаина не бидува.
Какви битки се водеа 2008, 2007, Алонсо, Маса, Раиконен, Хамилтон, Хајдфелд, Кубица, па 2006, 2005 Раиконен, Алонсо, Шумахер за мерак трки, плус патеки како Мањикур, Имола, А1 ринг итн. Сега се тркат во Валенсија, Сингапур, Абу Даби, па освен луксузот, ништо нема тркачко на нив.