Според тркачкиот директор на ФИА, Чарли Вајтинг, претекнувањето на Себастијан Фетел врз Жан-Ерик Верн било легално.
И покрај тоа што на излезотот од свиокот трепкало жолто светло, претекнувањето на Фетел е во зоната каде што било развеано зеленото знаме, што може да се види од успорената снимка на спорното видео.
Вајтинг потврди дека зеленото развеано знаме ја прекинува важноста на жолтото светло. Помеѓу жолтото и зеленото трепкачко светло се наоѓа маршал кој што го вее зеленото знаме. Ова ги разјаснува сите дилеми и ја потврдува легалноста на претекнувањето и освојувањето на титулата од страна на Фетел.
“Доколку на патеката нема инсталирано светлечки сигнал, тогаш возачот одговара пред првиот знак што ќе го види пред себе, во случајов зеленото развеано знаме од страна на маршалот. Фетел го изведе претекнувањето по минувањето на зеленото знаме, што значи дека тоа е легално.” – изјави Вајтинг.
Ae......dosta cvikanje.