Им го расплака мамето Грожан уште на старт. Таман си помислив еј глупиов француз му помогна на Рајко да нема притисок од позади и да атакува на победа, арно ама болидот на Лотус, ТОЧАК, мислам дека лотус денес беа најспори на правците, дури на крај и на Кими му пукна филм коа му кажаа по тим радио да го појача темопото, овој се напна и им се раздра дека ја користи цела снага на болидот. Ептен ми е криво за Кими што на неговата патека не успеаа да му го средат ко што треба болидот, ако не се опраат за една недела Лотус, ни бодови нека не очекуваат на Монца која што е најбрза патека. Батон си извозе школски, му се поклопија коцките, лотусот не беше доволно брз, петелот беше премногу назад, и Батон немаше апсолутно никаков притисок. Фетел добра трка извозе, ја погодија и стратегијата, а му се погоди и болидот што не беше случај кај Вебер.
Во врска со судирот, можеби не беше некој си хај спид краш, пошто се дешаваше на кочење и на улаз у кривина, ама по прикажувањето на снимката од онборд камерата на Алонсо и те како можеше да биде фатален за него, многу блиску му прелета до главата болидот на Грожан. Штета за трката што се случи тоа, ама тоа беше уште еден показател колку новајлииве у Ф1 се недораснати, на секоја трка праат инциденти, било тоа Грожан, Малдонадо, Перез или остала багра, треба малце да им одржат лекција зашто стварно претставуваат опасност за осанатите возачи. Едно време двете марусии беа у меѓусебна борба за позиција и коа требаше за еден круг да ги пропуштат прво Кими па Хулкенберг им направија доста проблеми и лесно можеше и таму да дојде до инцидент.
Имаше доста интересни дуели и претекнувања, но мислам дека дуелот меѓу Кими и Шуми беше најинтересен момент од трката, особено претекнувањето што го изведе Кими на влезот на eau-rouge кривината беше многу јак момент за поштување

Многу му фали победа на Кими, и ако успее да ја оствари сериозно би се вмешал во борба за титула, секако и доколку успее да ја задржи оваа константност која му носи добри бодиви, но колку Лотус можат да му спремат болид за победа е знак прашалник.
И за крај, глеј те си на спортклуб, коментар, слика и звук 10 пати боље од мтв, ма какви 10 бре светлосни години пред мтв, особено коментарот, секој чест на коментаторите, беа толку спремни и токлу уиграни, што цело време пратеа што се дешава и ги кажуваа потребните информации во вистинско време. Одлично се надополнуваа и одлично им беше реализиран преносот. Преносот на МТВ е тешка катострофа, аматеризам и несериозност до бескрај.