Мене лично трките од 2009 наваму ми се катастрофа, единствена позитивна работа е то шо сега во битката за титулата во игра се 3-4 тима, и то шо победија дури 6 различни возачи во 6 трки.
Порано можи се водеше битка помеѓу 2 тима само, но трките беа за уживање, на ниту една трка немав заспано. Монако беше лидило, после излезот од тунелот обавезно имаше престигнување, последните години нема никакво престигнување. На другите патеки престигнувањето е вештачко, тој шо има потрошени гуми автоматски е 2 секунди побавен, па еден ХРТ со нови гуми ќе престигни едно Ферари. ДРС е уште една глупост, тој напред е побавен за цели 10 - 15 км/ч, шо аполутно не му дава никаква можност да се брани, а не да помисли да ја одбрани позицијата.
Сети се какви трки имаше до 2008 година, со какви јадења на патеката, Шумахер - Хакинен, Монтоја - Шумахер, Алонсо - Шумахер... итн. Цело време битка во сезоната меѓу два тима ама битката на патеката до смрт, поинтересно здравје. Денес Ф1 е нула.