Уште на самиот почеток се виде дека Розберг е решен да победи, ретко добар старт. Најинтересен момент од трката - конвојот позади Раиконен, искрено се надевав дека ќе може да издржи но ги прецени гумите. Штета за грешката на Алонсо и излетувањето, мислам дека можеше да освои 6 - то место, сепак, денес се видоа сите недостатоци на F2012. Дефинитивно си решив една дилема, Батон е подобар возач од Хамилтон. Шуми пред трка нека облече нешто наопако затоа што го утепаа малери.