Фантастична трка и најверојатно фантастична сезона ни претстои.Трета трка,трет различен победник од трет различен тим што може само да биде показател за многу неизвесна сезона.Секоја чест за Мерцедес кој чекаа 57 години за победа и за Розберг кој чекаше 110 трки за да дојде до својата прва победа иако мислев дека тоа ќе се случи многу порано.Мерцедес треба да го искористи падот на Ред Бул и да продолжи со својот развој и ако Шуми се отргне од лошата среќа,можат да се покажат како главни конкуренти на Мекларен за титулата.
Мекларен уште еднаш покажаа дека имаат најдоминантен болид досега и да се повтореше грешката во пит стопот на Батон,тој ќе беше победник бидејќи ќе излезеше со нови гуми на чиста патека пред него и сигурно ќе го стигнеше Розберг.Хамилтон солидна трка со многу претекнувања во негов стил и конечно еден чист дуел со Маса

Ред Бул уште еднаш се потврди дека не им одговараат брзи патеки и далеку се од врвот на истите.Ветел очигледно има проблем да се приспособи на новите промени на болидот и тоа го докажа со тоа што го врати сетапот на издувот од зимските тестирања,додека Вебер возеше со новото решение.
Ферари се покажаа во вистиско светло и се потврди тоа Алонсо што го збори цело време,а тоа е дека болидот е за секунда поспор од врвот и сите ја чекаат европската сезона каде што ги чека цела нова шасија за трката во Барселона.
Најмногу ми е мило за Вилијамс кои конечно се вратија во средината и константно освојуваат бодови за разлика од ланската сеозна кога се бореа со Катерхам и Вирџин
