Во 2014 година новите технички правила во Формула 1 ќе донесат и сосема нови мотори кои од зафатнина од 1.6 литри со помош на турбо натполнење ќе туркаат болиди до страотни перформанси.

Најголемата дилема беше цената на чинење на овие нови бисери на техниката. Но, после пресметките сега и таа се објавува. Просекот по мотор би се движел околу 23 милиони евра.
Најевтиниот мотор ќе биде тој на компанијата Pure. Од Pure велат дека доколку успеат да договорат три тима што ќе ги користат нивните мотори тогаш цената би можела да падне на 14 милиони евра по парче.
Се зборуваше дека компанијата Pure со која управува Крег Полок ќе ги има најскапите мотори во Формула 1, но се испостави дека умниот бизнисмен ќе успее да ја понуди најниската цена на тимовите кои ќе потпишат за верност.
Тоа е далеку повеќе од сегашната просечна цена на мотор од 8 милиони евра по парче. Барем толку плаќа Sauber за моторите на Ferrari. Што се однесува до новите мотори тие ќе имаат и систем KERS.
Како дополна се споменува и хибриден систем којшто ќе биде задолжителен во болидите на Формула 1.
http://vozi.com.mk/formula-1/kolku-kje-chinat-novite-motori-vo-f1.html