Асус на времето беше премиум, но потоа малку го разводна квалитетот, како што паѓаа цените.
Абит беше на исто ниво. Најголем потенцијал за тунирање. Мислам дека пропадна.
Гигабајт беше на ниво на Асус.
Сојо беше одлична, мислам дека пропадна и таа.
МСИ веќе кажавме,
Ејсер беше добар.
Азрок беше економи варијант, солиден квалитет.
Елите беше економи исто така, полош од азрок.
Асус од секогаш бил премиум, ама не во однос на цената туку во однос на квалитет и можности. До ден денес се без конкуренција во ентузијаст сегментот. Чат пат, упаѓа Гигабајт, но и други, ама генерално од 100 најдобри матични плочи во последниве 10 години преку 50% се на Асус.
Абит, како и многу други (Soyo, EPOX, Soltek) кои во одреден дел од своето постоење важеа за квалитетни брендови, пропадна.
Асрок е сопственост на Асус и е направен исклучиво за да им парира на поефитните брендови така што секогаш нудат повеќе за парите од било кој, а се многу квалитетни и оптимзиирани(тимот на Асус ги дизајнира нивните матични плочи).
ECS не ни сакам да го споредувам со Asrock. Всушност јас Asrock го ставам пред многу извикани брендови каков што е MSI.
Јас лично со MSI раскрстив уште во времето кога си престанал да се информираш, а тогаш беа актуелни Athlon/AthlonXP процеосрите, а од чиспети VIA KT266A и nForce400 Ultra.
Имав high-end матични плочи и со двата чипсети од MSI. Катастрофа беа! Ако утнеш поставка во BIOS при оверклок и системот неможе да се покрене мора да пешки да правиш re-flash на BIOS, т.е. да го извадиш чипот, да го ставиш на програматор и да го флешуваш со дифолт сетинзи.
Бев најсреќен кога гомното на MSI K7N2 Delta-ILSR ја заменив за 20-30% поефтин Soltek SL-75FRN2-RL. Soltek-от тогаш беше невиден оверклокер и не се брикнуваше. Плус вадеше над 5% поголеми RAM перформанси со едни исти модули и исти поставки.
Од тогаш до ден денес не сум купил MSI. Со Gigabyte експериментирав со P965 и првите Core2 процесори пред 10 години, па си купив и ентузијастичка p35 матична од GB за на крај да се разочарам од нивна x48 како еден од полошите клокери за LGA775. Не беше кадарна ни 1700МHz FSB да вози. И така од тогаш практично секогаш кога можам се задржувам на Asus. Не ме разочарале, а најбитно, имаат најмногу оверклокерски опции и можности.